Student Experience – Лорета Лазевска (HR Bootcamp)
- јуни 12, 2025
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: HR Bootcamp Student Experience

Некои професионални одлуки доаѓаат од внатрешна мотивација, други – од добар совет. Кај Лорета, се споија двете.
Сестра ѝ пренесува позитивна енергија од SMX, а Лорета ја искористува можноста. Програмата ја предизвикува, ја инспирира и носи многу повеќе од ново знаење. Брзо сфаќа дека HR не е само комуникација со кандидати и административна поддршка.
Почнува да гледа на HR како на клучен двигател на раст и организациска култура.
-
Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во човечки ресурси?
Здраво, јас сум Лорета, живеам и работам веќе неколку години во Малта. Пред да го започнам HR Bootcamp-от, имав само една година искуство во тој оддел, главно во комуникација со кандидати и аплицирање за работни дозволи.
-
Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во човечки ресурси?
Сфатив дека HR не е само папирологија за работни дозволи и праќање „WE INVITE YOU FOR AN INTERVIEW…“ мејлови. Сакав да научам повеќе за различните аспекти на HR функцијата и како компаниите можат да ги искористат бенефитите од квалитетен и сеопфатен HR кадар.
-
Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
За SMX академијата имав слушнато, најверојатно преку реклами на социјалните мрежи, но со овој модел ме запозна сестра ми, која што ми раскажа дека веќе аплицирала и дека ќе започне наскоро. Немаше потреба да ме „убедува“ многу – само ми раскажа за прекрасното искуство кое што го имала претходно со SMX на друг курс, и се решив да аплицирам.
-
Од обработените модули, Стратешки HR, Правен HR и Ефективна комуникација во HR, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Дефинитивно Стратешки HR! Особено делот за синхронизација на бизнисот со вработените, како HR одделот треба да го предвиди развојот според правецот на раст на компанијата. Фасцинантно е како преку добро препознаен талент, HR не само што обезбедува добар кадар туку и директно придонесува во реализацијата на бизнис-целите.
-
Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Буткампот и како го надмина истиот?
Искрено, не наидов на некој преголем предизвик, можеби затоа што Фросе и Џина се погрижија да ни пренесат и објаснат сè многу детално! Многу големо БРАВО и БЛАГОДАРАМ до двете!
-
Како би го опишала твоето искуство на Буткампот за човечки ресурси?
Учеството во овој Bootcamp е едно од највредните и најинспиративни искуства во мојот професионален развој. Програмата е практична, одлично структурирана за да може директно да се примени. Предавачите, Фросе и Џина се секогаш мотивирачки настроени кон секоја тема и отворени за дискусија и споделување реални примери, што му дава органски тек на секој час. Исто така, бевме мешавина од учесници од различни индустрии, па така имавме можност да го збогатиме искуството и да ги прошириме перспективите за HR улогите во различни контексти.
-
Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Буткампот за Човечки ресурси во SMX?
SMX HR буткампот ми помогна да го добијам знаењето кое што сега успешно го применувам во пракса и ми даде уште поголема самодоверба за градење на мојата кариера во HR. Навистина трансформирачко искуство!
Човечките ресурси одамна не се сведуваат само на администрација и регрутација – денес, HR професионалците играат клучна улога во обликување на организациската култура, поттикнување развој на вработените и донесување стратешки одлуки што директно влијаат на резултатите на компанијата.
И токму затоа потребата за добро обучени, информирани и емпатични HR кадри никогаш не била поголема.
SMX HR Bootcamp започнува во септември!
🎓 Официјално акредитиран со CPD сертификат – признат низ цела Европа.
📌 Ограничен број места + попуст за рана пријава.
🔗 https://smx.mk/live/hr-bootcamp-covecki-resursi/