Student Experience – Милан Аврамовиќ – учесник на Product & Project Management Bootcamp
- јуни 11, 2025
- Објавено од: Глигор Ризов
- Категорија: Product & Project Management Product & Project Management Bootcamp Student Experience

Секој почеток во нова област носи неизвесност, но и можност за промена. Милан Аврамовиќ беше еден од учесниците на нашиот Bootcamp за Product & Project Management. Иако немаше претходно искуство, со силна мотивација да учи се приклучи на програмата. Програмата му овозможи структуриран пристап, практични алатки и нова перспектива.
Прочитај го неговото искуство и дознај како изгледа еден ваков пат. Ако и ти размислуваш за нова вештина или трансформација, октомвриската група е отворена за пријави – а Early bird понудата важи уште кратко!
-
Кратко запознај не со тебе. Дали претходно си имала интерес или искуство со менаџирање на проекти,продукти или ова ти беше прво запознавање со темата?
Секогаш ми изгледало примамливо и динамично работењето на проекти, но ова ми беше прво подлабоко запознавање со темата. Досега немав практично искуство, па Bootcamp-от беше вистинска можност да научам како изгледа сето тоа во реалноста.
-
Што те мотивираше да се запишеш токму на Bootcamp-от за Product & Project Management? Имаше ли некоја конкретна цел или ситуација што те поттикна?
Најголема мотивација за да се запишам на Bootcamp-от ми беше желбата да научам нова вештина, нешто практично што би можел да го искористам понатаму.
-
Како дозна за SMX и зошто се реши токму за овој Bootcamp?
За SMX дознав преку реклами на интернет, кои ми се појавуваа неколку пати. Ми го привлече вниманието начинот на кој беше претставена програмата – конкретно, тоа што е интензивна, применлива и водена од практичари.
-
Кој дел од програмата ти беше најинтересен – учењето за SCRUM, тимските улоги или начинот на планирање проекти?
Најинтересни делови од програмата ми беа тимските улоги и начинот на планирање на проекти. Ми помогнаа да разберам како функционира еден тим и како се организира проект од почеток до крај.
-
Кој ти беше најголемиот предизвик за време на Bootcamp-от и како го надмина?
Најголем предизвик ми беше работењето во Adobe, но го надминав со вежбање.
- Како планираш да го искористиш знаењето од Bootcamp-от во иднина – дали за лични проекти, фриленс, или нова кариера?
Знаењето што го стекнав на Bootcamp-от сакам да го искористам како основа за нов кариерен почеток. Се гледам во оваа област и се надевам дека наскоро ќе имам можност да го применам тоа што го научив во реални ситуации.
-
Што би им порачала на сите што размислуваат да се запишат на Bootcamp-от за Product & Project Management?
На сите што размислуваат да се запишат би им порачал, задолжително присуство на предавањата! Ќе научат многу корисни работи, а најмногу ќе добијат ако активно учествуваат и поставуваат прашања.
Од учење до акција, токму тоа е суштината на секој Bootcamp. Милан ни покажа како преку кратка, но интензивна програма може да се добие доверба во сопствените способности. Наученото не останува само на хартија, туку се користи во конкретни задачи и симулации. Програмата не бара совршен почеток, туку присуство, интерес и отвореност за нови предизвици. Знаењето што се добива тука е добра основа за кариерен пресврт, фриленс или личен развој.
🎯 Подготвен/а за нова вештина и кариерен чекор?
Искористи ја Early Bird понудата до 04.07 и пријави се на Bootcamp-от за Product & Project Management 👉 https://smx.mk/live/product-project-management-bootcamp/