Student Experience – Ристо Ристов (Буткамп за видео обработка)
- јуни 10, 2025
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: Bootcamp за видео монтажа Student Experience

Дали си размислувал колку нови можности се отвораат кога ќе научиш да монтираш видеа? Во светот на дигитални медиуми, вештината за видео обработка станува сè побарана.
Без разлика дали сакаш да креираш содржини за социјални мрежи, да го унапредиш својот бизнис или да започнеш нова кариера, вистинскиот почеток е важен. SMX Bootcamp-от за видео обработка е дизајниран токму за луѓе како тебе, почетници со желба за учење и развој.
Програмата покрива Premiere Pro и After Effects, водена од професионалец со искуство од индустријата. Работиме на реални проекти, со задачи и менторство на секој чекор. Стартуваме во октомври, и попустот за рана пријава важи уште кратко.
Ако си љубопитен/а и подготвен/а да вложиш во себе – ова е моментот. Пријави се денес и направи го првиот чекор.
-
Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во видео обработка?
Пред да го започнам Bootcamp-от, немав буквално никакво знаење за видео обработка. По професија сум спортски менаџер и целото мое работно искуство е поврзано со спортот, вклучително и со маркетинг во спортот, но никогаш директно не сум бил вклучен во видео обработка.
-
Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во видео обработка?
Сосема случајно, во период кога имав повеќе слободно време, одлучив да се запишам на Bootcamp-от. Верувам дека општото познавање на видео обработка може да ми биде корисно при работа на идни проекти.
-
Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
За SMX знам уште од самиот почеток на едукативниот центар, преку пријатели кои посетуваа курсеви и сите имаа позитивни искуства.
-
Од обработените модули, Premiere Pro и After Effects, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Повеќе ми се допадна Premiere Pro, бидејќи е поедноставен и полесен за совладување, особено за некој што првпат се среќава со видео обработка. Брзо може да се дојде до финален проект.
-
Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Буткампот и како го надмина истиот?
Најголем предизвик ми беше првата домашна задача во After Effects. За разлика од Premiere Pro, After Effects е значително посложен и бара многу време и внимание за да се изработи проект кој изгледа професионално.
-
Како би го опишала твоето искуство на Буткампот за видео обработка?
Bootcamp-от за видео монтажа е воден од одличен инструктор – Владимир. Уште од првиот час се чувствува дека се работи за вистински професионалец. Се учат основите на двете програми, но сепак останува на секој студент да вложи дополнително време ако сака оваа вештина да ја претвори во професија.
-
Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Буткампот за Видео обработка во SMX?
За сите оние што се заинтересирани за учење и надоградување на своето знаење, најискрено препорачувам да го одберат едукативниот центар SMX. Bootcamp-от за видео монтажа е одличен, не само за почетници, туку и за студенти кои веќе имаат основни познавања од видео обработка.
Денес, креативноста е валута. Знаењето за видео обработка ти овозможува да ја пренесеш својата идеја, порака или приказна на начин што допира до публиката. SMX Bootcamp-от ќе ти помогне да ја трансформираш таа креативност во конкретна вештина. Ќе работиш на реални проекти, ќе учиш од експерт и ќе се движиш напред со самодоверба. Bootcamp-от е создаден за почетници, но со темелна и сериозна програма.
Ако си подготвен да вложиш во себе, ова е вистинското време.
Пријави се уште денес!
👉 https://smx.mk/live/bootcamp-video-editing/