Student Experience – Теодора Ѓорѓиевска – учесник на Product & Project Management Bootcamp
- јуни 16, 2025
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: Product & Project Management Product & Project Management Bootcamp Student Experience

Не секогаш мора да имаш искуство за да започнеш нова насока – понекогаш е доволна само вистинската мотивација.
Product & Project Management звучи комплексно, но многумина ја откриваат својата страст дури откако ќе се впуштат во темата. Теодора го направи овој чекор храбро, водена од внатрешна желба за раст и професионална трансформација. Ова е нејзината приказна, патување од сигурна основа кон нови хоризонти.
-
Кратко запознај не со тебе. Дали претходно си имала интерес или искуство со менаџирање на проекти,продукти или ова ти беше прво запознавање со темата?
Јас сум Теодора (25) и веќе 4 години работам во продажба. Немам претходно искуство со менаџирање на проекти или продукти, но имам огромен интерес за тоа. Ова беше моето прво запознавање со темата.
-
Што те мотивираше да се запишеш токму на Bootcamp-от за Product & Project Management? Имаше ли некоја конкретна цел или ситуација што те поттикна?
Мотивот да се запишам на Bootcamp-от за Product & Project Management беше преголемата желба за промена. Ми се допадна концептот, бидејќи веќе еднаш бев дел од некои ваши предавања. Сакав да се пренасочам кон Product & Project Management, читав многу пред да започнам, бев нерешителна, но имам одлични мотиватори околу мене кои веруваат во мене и знаат во што би можела да се пронајдам.
-
Како дозна за SMX и зошто се реши токму за овој Bootcamp?
За SMX дознав преку Инстаграм, Ве следам веќе подолго време и секоја ваша содржина ми беше привлечна. Само чекав вистински момент да се организирам и да ме „стигне“ желбата, па веднаш се приклучив.
-
Кој дел од програмата ти беше најинтересен – учењето за SCRUM, тимските улоги или начинот на планирање проекти?
Сè беше интересно, особено за некој што првпат се среќава со оваа тематика. Благодарение на Горан и Дарко, секој час беше корисен и добро структуриран. Но, ако треба да издвојам нешто, најмногу ме заинтересира делот за тимските улоги.
-
Кој ти беше најголемиот предизвик за време на Bootcamp-от и како го надмина?
Најголем предизвик ми беше самата промена и влегувањето во нова, непозната област. Но, го прифатив предизвикот, ги преслушував сите предавања, прашував, дури и кога грешев. Би рекла дека најдобро е да се впуштите во непознатото и да не се плашите да прашувате.
-
Како планираш да го искористиш знаењето од Bootcamp-от во иднина – дали за лични проекти, фриленс, или нова кариера?
Свесна сум дека треба уште многу труд и усовршување, но веќе сум на вистинскиот пат, ќе видиме каде ќе ме однесе.
-
Што би им порачала на сите што размислуваат да се запишат на Bootcamp-от за Product & Project Management?
Да не чекаат и да не размислуваат премногу. Новото знаење секогаш е добредојдено. Без предрасуди кон себе, ова е одлично искуство кое носи не само нови вештини, туку и пријателства. Да веруваат во себе и во програмата, затоа што тимот е навистина посветен и ажурен кон сите кои имаат интерес.
Процесот не завршува со Bootcamp-от – туку токму тогаш почнува.
Теодора веќе е на патот кон нешто ново, со алатки, логика и самодоверба што ќе ја водат понатаму.
Истото може да биде и за тебе – без разлика дали бараш фриленс, нова улога или само појасна насока. Секоја одлука за учење е инвестиција во себе, а тоа е највредното нешто што можеш да го направиш.
✨ Погледни ја програмата и пријави се навреме https://smx.mk/live/product-project-management-bootcamp/