Успеси во месец април
- мај 18, 2022
- Објавено од: Igor Spasovski
- Категорија: Блог за дигитални вештини
Месецот април за нашата академија беше од доста големо значење, бидејќи во текот на овој месец ја направивме промената за која долго се подготвувавме, односно се случи ребрендирањето на SourceMX Academy во SMX Academy.
Ребрендирањето на академијата го направивме со цел да ги рефлектираме идните амбиции и нашите клучни вредности, но и поради тоа што нашиот досег на работа и едукација достигна нови, поконкретни и поголеми нивоа.
Увидовме и дека услугите, обуките и тренинзите што ги нудиме не можат да влезат во една категорија и не можеме да ги презентираме под една платформа, па затоа, за да обезбедиме комплетно едукативно искуство на нашите учесници, одлучивме да делуваме преку три платформи – SMX Academy, SMX OnBoard и SMX Connect.
Но, иако оваа промена ни одзеде многу време и енергија за подготовки, размислувања и дебати, сепак не застанавме и со нашата примарна обврска, а тоа е организирање на квалитетни курсеви и обуки.
Па така, изминатиот месец организиравме нови групи за курсевите:
– Курс за AutoCAD
– Курс за WordPress
– Почетнички курс за графички дизајн со Photoshop & Illustrator
– Oснови на сметководство
Во групите имавме вкупно 56 учесници, или во просек по 14 учесници во група.
Освен тоа што започнавме со нови групи за споменатите курсеви, во изминатиот месец и завршивме со неколку од курсевите кои веќе беа во тек, односно започнаа во март. Учесниците си добија сертификати, но уште поважно е тоа што добија знаење кое ќе им помогне во понатамошниот развој на нивните професионални кариери.
Еден од курсевите кој заврши во април беше курсот за PR, кој воедно беше и за прв пат организиран во нашата академија. По завршувањето, добивме многу позитивни коментари за предавањата и инструкторката, па затоа може слободно да кажеме дека курсот беше успешно реализиран и дека во иднина ќе организираме уште многу групи на оваа тема.
Некои од коментарите кои ги добивме за овој курс се следните:
“Искрено сум многу задоволна! Џина беше супер, отворена за соработка и помош кога е потребно. Предавањата беа инспиративни и продуктивни. Совладав нови вештини и сум презадоволна од целиот курс. Најмногу ми се допадна што работевме на реални примери и проекти.”
– Сања Станковска
“Ова беше сосема нова област за мене и ми претставуваше предизвик. Со помош на курсот научив да размислувам на поинаков начин во однос на водење бизнис. А, што се однесува на инструкторката Џина, прекрасна е во секој аспект (дикција, диктирање темпо, начин на објаснување). Сте направиле вистински избор за предавач!”
– Светлана Петрова
Дополнително на активностите кои ги спомнавме, наоѓавме време и да напишеме неколку блогови, преку кои нашите следбеници на Facebook можеа да прочитаат совети, трикови и занимливости од најразлични области.
Во продолжение уште еднаш ги пишуваме насловите на блоговите, како и нивните линкови преку кои ќе може да ги прочитате:
– 5 трикови во Adobe Illustrator за побрз работен тек.
– Што е видео-обработка и како да започнеш кариера како видео едитор?
– 7 предности на програмата AutoCAD.
– Како Microsoft Excel стана толку популарен и зошто сè уште е важна алатка во бизнисот?
Во наредниот период нè очекуваат многу нови и интересни активности. Се гледаме!