Важноста на фонтот во дизајнирањето
- април 27, 2020
- Објавено од: Вера Тимова
- Категорија: Graphic Design ,
Кога сакате да дизајнирате лого, бирањето на точниот фонт е исто толку битно колку што е бирањето на боја при бојадисување на вашата куќа. Сакате да бидете точни во изборот, бидејќи тој нов изглед ќе го освежи вашиот дом и луѓето од надвор според тоа ќе знаат доста за луѓето кои живеат во таа куќа.
Има повеќе од илјада бесплатни фонтови достапни денес, но сите тие можат да се групираат во 4 главни категории.
Овде ги набројав само неколку од стајловите за секоја категорија на фонтови.
Секој од овие стилови нуди уникатни карактеристики, и начинот на кој се прикажани и дизајнирани игра многу значајна улога на крајниот продукт: вашето лого.
Во следните неколку пасуси ќе се обидеме да ви објасниме повеќе за овие пет типови и да ви помогнеме при изборот за вашето лого.
Serif Fonts
Овие се најстари типови на фонтови, односно првите примероци се појавуваат кон крајот на 15-от век. Зборот ‘serif’ се однесува на малите “нозе” прикажани на врвовите и краевите на секоја буква.
Овие фонтови понатаму можат да се поделат во неколку подкатегории (Old Style, Classical, Neo-Classical, Transitional, Clarendon, etc.). Моментално овие фонтови се меѓу најпопуларните фонтови кои се користат со стилови како “Times New Roman” кои се прикажуваат во книги, документи, па дури е во некои логоа.
Овие фонтови се карактеризираат со поконзервативен дизајн и постоењето на цртите на врвовите и краевите на повеќето букви.
Брендови кои ги користат овие фонтови: Zara, T-Mobile, Volvo.
Психоголијата на serif фонтовите: Овие фонтови се популарни кај компаниите кои сакаат да прикажат елегантен и софистициран бренд. Логоата со овие типови наведуваат на традиција, респект и доверба.
Sans Serif Fonts
Овие фонтови се почисти и помодерни за разлика од нивните претходници, и овие контрасти им овозможуваат да и парираат на serif фонтовите. Се појавуваат во 19-ти век и стануваат доста популарни во 1920 и 30-тите години. Кон средината на 20-ти век германските дизајнери ги прошируваат овие фонтови со креирањето на популарниот Helvetica дизајн.
Овие фонтови се дефинираат според нивниот чист и остар дизајн. Можат да се поделат во неколку подкатегории вклучувајќи ги Grotesque, Square, Geometric и Humanistic стиловите.
Брендои кои ги користат овие фонтови: LinkedIn, Jeep и Microsoft.
Психологијата на Sans Serif: Овој тип на фонтови нуди чист и модерен изглед. Тежнеат да бидат јасни, но исто така можат да бидат задебелени и да се користат за привлекување на внимание благодарејќи на нивниот фин и ефикасен дизајн.
Script Fonts
Овие фонтови достигнуваат популарност во 20-ти век и играат важна улога во дизајнирањето.
Се делат на две главни подгрупи: формални и секојдневни, и се дизајнирани да личат на пишуваните писма.
Формалните скрипти се дефинирани со нивната заобленост и се наречени ‘swashes’. Генерално не се препорачуваат многу често да се користат, бидејќи можат да влијаат на читливоста и зборовите кои се напишани со овие фонтови да се тешки за разбирање.
Секојдневните скрипти се почесто користени од формалните, бидејќи се почитлниви и полесни за разбирање.
Брендои кои ги користат овие фонтови: Coca-Cola, Instagram и Cadillac.
Психологијата на Script Fonts: Генерално овие фонтови будат идеи на елеганција, креативност, слобода и женственост. Компаниите кои сакаат да пренесат одредени емоции ги користат овие фонтови. Исто така, овие фонтови се одлични за оние кои настојуваат да бидат уникатни и уметнични настроени
Decorative Fonts
Декоративни или фонтовите за приказ се откажуваат од конвенциите во корист на уникатното и привлечно ниво. Повеќето украсни типови се корисни за различни индустрии и потреби, бидејќи тие обично се прилагодени за конкретни компании.
Овие фонтови ретко се користат за долги текстови, односно се идеални за кратки зборови.
Брендови кои ги користат овие фонтови: Toys R’Us, Lego и Mirinda.
Психологијата на Decorative Fonts: Општо овие фонтови се уникатни и оригинални. Нивната флексибилност им овозможува на компаниите да одлучат на која емоција да се фокусираат користејќи различни стилови на фонт. Најчести емоции кои се користат се чувството на секојдневност, забава и креативност.
Бирањето на најсооветниот фонт за вашиот бренд или дизајн е критичен аспект. Точниот фонт ќе ви помогне вашиот дизајн или лого да ја постигне вашата цел и да пренесе одренени емоции на оние кои го гледаат вашето дело.
Овде може да најдете бесплатни фонтови за комерцијални цели.