Водич за почетници во SCRUM: Сè што треба да знаете
- мај 23, 2024
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: SCRUM
SCRUM е една од најпопуларните агилни методологии за менаџирање со проекти, особено во областа на развој на софтвер. Таа овозможува тимовите брзо и ефективно да се адаптираат на промени, да ги оптимизираат своите процеси и да достават висококвалитетни производи во краток временски период.
Едноставно кажано, Scrum е сет на практики кои помагаат на тимовите да работат подобро. Се смета дека е Agile методологија за проект менаџирање, бидејќи приотизира концепти како кратки фидбек циклуси, емпиризам и континуирано подобрување. Во сржта на Scrum се три столба: транспарентност, инспекција и адаптација, кои овозможуваат тимовите да работат заедно и да учат од секој циклус на работа (sprint) и како постојано да се подобруваат.
3 Scrum Предмети (Artifacts)
Scrum тимовите во главно работат со информации кои се достапни преку самото работење на тимот, сместени во таканаречени предмети (Artifacts), кои се:
– Product & Sprint Backlog
– Scrum Board
– Increment
1.Product & Sprint Backlog
Product backlog листата ги содржи сите задачи што тимот ги има во процесот на работа за производот или услугата. Овие листи се комбинација од карактеристики, барања, подобрување и поправки.
Sprint backlog листата ги содржи задачите кои тимот ги има избрано од поголемата листа во Product backlog и има за цел да ги комплетира во следниот циклус на работа, односно спринт.
Кога тимовите ги поместуваат задачите од product backlog во sprint backlog тоа се нарекува планирање на sprint (sprint planning).
2.Scrum Board
Повеќето тимови користат Scrum Board за следење на работните активности. Овие “табли” се составени од картички во кои се наоѓаат задачите од sprint backlog.
Овие картички може лесно да се поместуваат лево или десно во различни колони, кои го прикажуваат статусот, како “Backlog”, “To-do”, “Doing” и “Done”.
Порано, оваа табла всушност беше вистинска табла во канцелариите каде имаше лепливи ливчиња со задачи кои се поместуваат од еден во друг статус, но сега веќе се користат разични онлајн алатки за тоа.
3.Increment
Резултатот што произлегува од завршувањето на сите задачи во Sprint Backlog се нарекува инкремент, но многу тимови исто така го нарекуваат како “Sprint Goal”.
Најчесто, инкрементот е мал дел од функционирачки производ кој корисникот може да го користи. Затоа, фокусот на Srum е да креира мали инкременти на софтвер кој работи, во секој спринт. Ова се разликува од традиционалните пристапи во менаџирањето проекти, каде често се лансираат големи промени на производот.
Во Scrum, има три основни улоги кои се клучни за успешно функционирање на агилниот тим. Секоја од овие улоги има специфични задачи и одговорности кои помагаат за ефикасно управување и извршување на проектите.
Developers
Програмерите, дизајнерите, тестерите се нарекуваат developers во SCRUM тимот и се одговорни за создавање на производот. Тие активно учествуваат во планирањето, дизајнирањето, развојот, тестирањето и испораката на работечки софтвер во секој спринт. Developers работат заедно за да ги исполнат барањата и да обезбедат висококвалитетни решенија во рамките на дефинираните временски рамки.
Product Owner
Сопственикот на производот има клучна улога во дефинирањето на визијата на проектот и управувањето со листата на продуктот (Product Backlog). Тој е мостот меѓу клиентите, корисниците и развојниот тим, обезбедувајќи дека сите функционалности што се развиваат се во склад со потребите на корисниците и стратешките цели на компанијата. Product Owner ги приоритизира задачите и осигурува дека тимот има јасна слика на тоа што треба да се развие и зошто.
Scrum Master
Scrum Master е фасилитатор за Scrum тимот, обезбедувајќи дека тимот ги следи Scrum практиките и методологиите на правилен начин. Тој помага во отстранувањето на пречките кои можат да влијаат на ефиканоста на тимот и работи на подобрување на интеракциите во тимот, осигурувајќи дека сите членови се фокусирани и мотивирани. Scrum Master исто така ги поддржува Scrum церемониите и гарантира дека тие се извршуваат ефективно и ефикасно.
SMX организира 2 месечен летен bootcamp токму за Scrum кој ќе ви помогне да ги научите сите елементи од методологијата, со цел да почнете да ги користите во моменталната работа или да се насочите кон кариера како Scrum Master.
Прочитајте повеќе за bootcamp-от и пријавете се овде: https://smx.mk/live/product-project-management-bootcamp/