Бесплатен вебинар

From Zero To Hero: Предизвиците на Junior програмерите во првата година

Добиј снимка

Времетраење: 90 минути

Бесплатно

Ниво: Почетник

Онлајн (Zoom)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро и ќе ја испрати снимката од вебинарот.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Што ќе научиш од овој Вебинар?

Што значи Junior developer

Личното искуство на Ненад Трајковиќ

Предизвици во првата година од кариерата

Техники и алатки за побрз напредок

Како да станеш програмер во 2023? Што е потребно за да станеш УСПЕШЕН програмер? Дали Web Developer/Програмер е кариера за тебе? Најчесто поставувани прашања на секој кој сака да ја гради својата кариера во индустријата – Web Development!

Во SMX веќе четири години по ред успешно ја спроведуваме Full-Stack Академијата за веб програмирање, за која ГОРДО можеме да кажеме дека имаме 83% проценти на ВРАБОТЕНОСТ. Ова се должи на посветениот тим од инструктори и координатори, комплетната up-to-date програма, и нашите досегашни студенти кои ни го доверија своето време и внимание во текот на 9-месечната интензивна едукација.

Првиот чекор е најтешкиот…токму поради ова заедно со еден од инструкторите на Академијата за веб програмирање, Ненад Трајковиќ, го организираме овој вебинар каде ќе ги покриеме најголемите предизвици на секој Junior Developer во првата година од кариерата. Ненад, несебично ќе сподели со кои предизвици се има соочено самиот и како ги надминал. Исто така, ќе споделиме tips & tricks за полесно учење на новиот материјал и совладување на проблемите при работа со тим.

Пријави се на бесплатниот вебинар кој ќе се одржи во Петок на 6-ти октомври, со почеток во 18.00 часот.

Запознај го говорникот на вебинарот и инструкторот на академијата за Fullstack Development

Ненад е дипломиран Софтверски Инженер на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инжинерство, со повеќе од 6 години работно искуство како Full-stack developer. Работи како Full Stack Engineer во 99math.

Ненад Трајковиќ

Fullstack Web Developer

Дополнително, тој го предава JavaScript и Node.js модулот, кој опфаќа back-end програмирање и комуникација со бази на податоци.

SMX организира девет-месечна Академија за
Fullstack JavaScript Web Development

Преку веќе докажана програма, искусни инструктори и усовршени начини на работа и учење, ќе се стекнеш со квалитетно образование потребно да започнеш кариера во IT светот!