Bootcamps во SMX Academy: 2-3 месеци интензивно учење и 1 месец работа на реален проект
- октомври 5, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Bootcamps
Од Октомври 2023, SMX започнува со серија сеопфатни 3-месечни Bootcamps со цел да им овозможиме на сите идни студенти кои ќе бидат дел SMX, практични вештини и искуство од реалниот свет.
КАКО? Овие нови едукативни програми се состојат од два до три месеци интензивно учење проследено со еден месец практична работа на проекти.
Специјално креирана програма
Квалитетот на образовната програма не е секогаш зависен од нејзиното времетраење. Петгодишното искуство на SMX Academy во доставување кратки онлајн курсеви и онлајн академии покажаа дека факторите како што се прецизна организација, искусни и посветени ментори и можноста за учениците да работат на вистински проекти се клучни за УСПЕШНО ЗАВРШЕНО ОБРАЗОВАНИЕ.
Реални проекти за вистинско учење
Една карактеристика која го издвојува овој тип на едукација од другите е акцентот на Работа на реални проекти. SMX Academy верува дека вистинското учење се случува кога знаењето се применува во реални проекти. Затоа, во секој Bootcamp е вклучен модул од 1 месец практична работа кој SMX Academy го овозможи во соработка за неколку компании. На овој начин, студентите ќе го применат стекнатото знаење и вештини во пракса.
Соработка со реални компании
Во сите наши досегашни Bootcamps, студентите ќе имаат можност да работат на реални проекти за реални компании со кои SMX Academy започна сорабтока.
Content Marketing Bootcamp
SMX Academy започна соработка со SmartClick, успешна агенција за веб и SEO оптимизација. По завршувањето на активната фаза на предавање, студентите ќе се впуштат во едномесечен практичен проект доделен од SmartClick. Успешното завршување на овој проект е предуслов за добивање сертификат за завршен Bootcamp.
Bootcamp за видео монтажа со Premiere Pro & After Effects
Во областа на уредувањето видео со Premiere Pro и After Effects, SMX Academy ги здружи силите со Piksel, реномирана маркетинг агенција во Македонија. Piksel ќе соработува со инструкторите и SMX Academy за да поставува неделни задачи за студентите. По два и пол месеци интензивна теоретска настава, учесниците ќе започнат со едномесечен практичен проект доделен од Piksel кој исто така ќе биде предуслов за добивање на сертификат.
Data Mining Bootcamp
Со цел Bootcamp-от за Data Mining да биде целосен, студентите ќе работат заедно со тимот на SMX на реален проект – Data Mining на податоци за поставени огласи за работа. Целта на овој проект ќе биде да се добијат релевантни и реални податоци за состојбата на пазарот на труд.
Human Resources & IT Recruitment Bootcamp
По завршување на 2 месеци теорија и совладување на најважните и најпрактикувани концепти во HR и IT Recruitment, на сите учесници ќе им се достават предлог теми кои треба да ги сработат за фирмата партнер Ludotech. Дел од проектите вклучуваат креирање на graduate program или intership program за Ludotech, како и други теми кои ќе бидат достапни за сработување.
SMX Academy има за цел да обезбеди квалитетна едукација за секого, а новите едукативни програми (Bootcamps) кои ќе траат до 3 месеци, се по пристапни цени, обезбедуваат комплетна теоретска настава, и работа на реален проект се токму начин да ја оствариме нашата ЦЕЛ. 3-месечните Bootcamps во SMX Academy нудат ново уникатно и трансформативно учење, а темите на кои до сега разработивме ваков тип на едукација се:
Human Resources & IT Recruitment Bootcamp
Bootcamp за видео монтажа со Premiere Pro & After Effects
Data Mining Bootcamp
Social Media Marketing Bootcamp
За повеќе информации, и детали за аплицирање на некоја од програмите, посетете не ОВДЕ.