Запознај ги инструкторите на Social Media Marketing Bootcamp: Q&A со Горан и Александра
- јануари 3, 2025
- Објавено од: Глигор Ризов
- Категорија: Digital Marketing SMM Bootcamp
„Социјалните медиуми повеќе не се само алатка за споделување – тие се сржта на дигиталниот маркетинг.“
Во свет каде што секој бизнис се бори за внимание, вештините за Social Media Marketing станаа непроценливи. Токму затоа, SMX Academy го создаде Social Media Marketing Bootcamp – интензивна програма дизајнирана да ви помогне да ги совладате најдобрите стратегии и техники за креирање успешни кампањи.
Разговаравме со инструкторите Горан Николов и Александра Витанов кои ќе ја водат обуката за SMM во SMX. Прочитај повеќе за нив и нивните одговори.
Запознај го Горан Николов
– Како го следите и применувате најновиот развој во стратегиите за Social Media Marketing за да останете релевантен во индустријата?
Како дигитален маркетер со над 10 години искуство работејќи со клиенти од најразлични индустрии, често се соочувам со предизвикот на недостиг од време и ресурси за детални тестирања на секоја нова стратегија за секој клиент. Затоа, развив ефикасен пристап за да останам во чекор со најновите трендови, а тоа е следење на конкуренцијата, врвни брендови и релевантни влијателни личности.
Овој метод е исклучително корисен бидејќи лидерите во индустријата располагаат со огромни буџети за рекламирање и искусни тимови кои брзо ги тестираат новите трендови. Набљудувајќи ги нивните кампањи, лесно може да се извлечат заклучоци за она што функционира и она што не.
Клучно е да се следат релевантни конкуренти. На пример, ако продавате спортска опрема, инспирација треба да барате во глобални брендови како Nike, New Balance или Adidas. Тие не само што поставуваат стандарди во маркетингот, туку и нивните кампањи често се пример за иновативни стратегии кои можат да се адаптираат според специфичните потреби на вашиот пазар.
- Кое е најчестото погрешно сфаќање што го имаат малите бизниси за рекламирање на социјалните мрежи, и како се справувате со тоа на обуката?
Најчестото погрешно сфаќање што го имаат малите бизниси за рекламирањето на социјалните мрежи е дека минималното присуство или минималната инвестиција е сосема доволна за успех. Многу сопственици веруваат дека секоја минимална акција на Facebook или Instagram ќе донесе продажби, а не знаат дека успешното рекламирање бара стратегија, континуитет и know-how.
На овој bootcamp, ќе се обидам да го објаснам целиот процес со цел да им помогнам да разберат дека ефективно рекламирање започнува со дефинирање на целна група, поставување јасни цели и создавање конзистентна и релевантна содржина која додава вредност. Преку практична работа на клиенти на Social Circle, ќе научиме како правилно се поставуваат кампањи, како се користат аналитичките алатки и како се оптимизираат рекламите според клучните метрики.
- Кои се првите погрешни претпоставки кои ги имаат почетниците во дигиталниот маркетинг и маркетингот на социјалните мрежи?
Почетниците во дигиталниот маркетинг често веруваат дека успехот на социјалните мрежи доаѓа преку вирална содржина, присуство на сите платформи и голема количина објави на ден. Но, виралноста без јасна стратегија, рекламирање без анализа или јасна цел, или, пак, фокусирање на квантитет наместо квалитет, често водат кон разочарување.
Исто така, честопати забележувам дека многумина имаат погрешна дефиниција за дигитален маркетинг, мислејќи дека едитирање на слика и со кликање на копчето “Boost Post” имаат платена реклама. Реалноста е далеку од тоа. Самото поставување на рекламата е најлесниот дел, каде што следејќи ги основите може да имате технички добро поставена реклама. Но, позади тие 2-3 клика постои процес на идентификување на „pain points“ на таргет публиката, креирање аватар, грижа за усогласеноста на рекламата со брендот, како и континуирано следење и оптимизирање на резултатите.
- Дали можете да споделите пример од реална кампања каде што Social Media стратегија донела значителен успех? Како ја применувате таа експертиза на буткампот?
Еден од моите омилени примери за успешна кампања на Meta е со еден од моите клиенти, Sarah Di Lorenzo. Позната нутриционистка во Австралија која цела кариера ја има посветено на креирање здрави навики преку најразлични начини, одлучи во февруари 2024 да лансира свој протеински бар, но без да вложува премногу напори и ресурси во проектот. Направивме Shopify продавница, креиравме само 2 вкуса на барови и објавувавме по 2 слики неделно на Facebook и Instagram. Наскоро одлучивме да тестираме селфи-видео содржина со Сара и коментарите беа одлични.
Предводен од позитивно прифатената содржина, се обидов (не беше премногу тешко) да ја убедам Сара и нејзината екипа да се обидеме со буџет од $500 да ги спонзорираме видео-објавите со цел да нејзиниот производ биде претставен пред поголема публика, а со оглед на тоа што таа е позната личност во Австралија со супер репутација, успехот веќе беше предвидлив. Во мај, буџетот за реклами веќе се зголемуваше и потрошивме $1,127, а успеавме да генерираме 162 продажби во вкупна вредност од $19,135.
Во моментот, трошиме повеќе од $4,000 на месец за реклами на Meta и имаме 8 различни вкуса на протеински барови. На boot camp-от, ваквата експертиза ќе ја пренесам преку детални примери и практични вежби. Учесниците ќе имаат можност да научат како да ги анализираат резултатите од органските објави за да ги идентификуваат оние што можат да бидат спонзорирани, како да експериментираат со различни формати (како на пример видеа) и како да креираат реклами кои го максимизираат ROI. Целта е учесниците да го совладаат процесот на тестирање и оптимизација за да ги претворат и најмалите сигнали во успешни кампањи.
- Зошто сметаш дека овој буткамп ќе биде корисен за учесниците?
По две години пауза како ментор во SMX, среќен сум што повторно имам можност да споделам сè она што сум го научил од работата со клиенти на различни пазари – од сите успеси, но и од предизвиците со кои сум се соочувал. Овој bootcamp ќе биде корисен за учесниците бидејќи нуди практични решенија и знаење кое може веднаш да се применува за подобрување на нивните резултати.
Фокусот е на реални примери и стратегии кои ќе им овозможат на учесниците да преминат од теорија кон професионален пристап. Со комбинација на моето искуство, интерактивна настава, како и работа на реален проект, учесниците ќе имаат можност да го видат процесот одблиску и да научат како да ги избегнат најчестите грешки додека градат ефективни и резултатски ориентирани кампањи.
Запознај ја Александра Витанов
- Како ги мотивирате учесниците на курсот да бидат креативни и да креираат содржина која се издвојува на платформите за social media кои се веќе пренатрупани од содржина?
Ги мотивираме учесниците на курсот преку комбинација на инспирација, практични совети и конкретни алатки за креирање уникатна содржина. Прво, ги охрабруваме да ја разберат суштината на нивниот бренд или идеја – што ги прави различни и зошто нивната приказна вреди да се раскаже.
Потоа, се фокусираме на креативни техники како раскажување приказни (storytelling), користење на трендовски формати и адаптација на содржината за различни платформи. Им помагаме да истражат што функционира кај нивната публика и како можат да донесат свежа перспектива.
На крај, важен дел од процесот е создавање на позитивна и поддржувачка средина каде што учесниците можат да експериментираат и да добиваат фидбек, што ги поттикнува да ја разбудат својата креативност.
- Кои алатки за планирање и креирање содржина ги препорачувате на учесниците, и зошто се тие клучни за успех?
На учесниците им препорачуваме комбинација од алатки кои ги покриваат сите аспекти на планирање и креирање содржина:
- Asana: Одлична за организирање задачи и креирање на календар за содржина. Овозможува лесно следење на рокови и прикачување на фајлови.
- Slack: За комуникација во реално време и брза размена на идеи, што е клучно за ефикасна соработка.
- Canva: Идеална за брзо и креативно дизајнирање на визуелна содржина, дури и за оние кои немаат напредни дизајнерски вештини.
- Illustrator: За посложени и професионални графички дизајни, кога е потребен висококвалитетен дизајн.
- Hootsuite: За планирање и објавување содржина на социјалните мрежи, што помага во оптимизација на времето и следење на перформансите.
- Веќе подолго време активно го следите развојот на AI и поврзаноста со дигиталниот маркетинг. Во кој дел сметате дека ќе има најголем ефект AI во маркетингот за наредните една до две години?
AI ќе направи револуција во дигиталниот маркетинг со тоа што ќе овозможи рекламите да стигнат до вистинската публика во вистинскиот момент. Преку напредни алгоритми и машинско учење, AI ќе биде се поспособен да анализира огромни количини податоци за да го разбере однесувањето на корисниците и да таргетира прецизно.
Ова не само што ќе ја зголеми ефикасноста на кампањите, туку и ќе ги олесни конверзиите – било да станува збор за купување, пополнување на Instant форми или интеракција со брендот. Со AI, рекламите ќе бидат попаметни, поперсонализирани и повеќе ориентирани кон резултати.
Исто така со напредни AI алатки, рутинските задачи како пишување содржина, анализа на податоци и управување со кампањи ќе станат поедноставни и побрзи. Ова ќе им даде на маркетерите повеќе време за фокусирање на креативност и стратегија.
- Кои се главните поенти и знаења кои учесниците на буткампот треба да ги осознаат и научат со цел да имаат успешен старт во SMM?
Учесниците на нашиот буткамп ќе ги научат основните вештини и знаења потребни за успешен почеток во Social Media Management:
- Запознавање со платформите:
Како да ги користите Facebook, Instagram, LinkedIn и TikTok за различни цели и различна публика. - Креирање содржина:
Како да направите привлечна и креативна содржина што ќе Ве издвојува. - Стратегија за објавување:
Планирање и организирање содржина што ги исполнува целите на брендот. - Корисни алатки:
Употреба на алатки како Canva, Asana и Hootsuite за поефикасно работење. - Анализа и подобрување:
Мерење на успехот на содржината и рекламите и како да ги подобрите резултатите. - Платени реклами:
Основи на креирање реклами и избор на вистинската публика.
Со овие знаења, учесниците ќе бидат подготвени за успешна кариера во Social Media Management.
Social Media Marketing Bootcamp не е само курс – тоа е инвестиција во вашата иднина. Со практични задачи, експертски насоки и реални проекти, ќе стекнете знаење кое веднаш можете да го примените во вашата кариера или бизнис.
Дали сте подготвени да го направите следниот чекор? Следниот термин започнува на крајот на јануари!