Q&A Разговор со Анета Трајковска, инструкторка на курсот за SQL
- ноември 14, 2022
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Инструктори
“61% од работните позиции за Data Analysts, бараат познавање од SQL!”
Зошто да учиш SQL?
- Се употребува речиси секаде
- Побарувачката за експерти со оваа вештина се зголемува секојдневно
- SQL е најпопуларниот јазик за работа со податоци во 2022
Токму поради сето ова, во SMX организиравме курс за SQL за кој во изминатиов период имавме неколку успешни термини со многу задоволни учесници, а последниот за оваа година ќе започне на 29ти Ноември за кој денес разговараме со Анета Трајковска, инструкторка на курсот за SQL.
1. Која е Анета? Накратко запознај не со себе.
Дипломиран софтверски инженер на ФИНКИ, вработена како .Net developer. Имам голем ентузијазам за нови предизвици на професионално поле, како и мотивација за постојан напредок. Постојано се доквалификувам самостојно и со посета на семинари, обуки и различни новитети во мојата работна област. Доста често моето стекнато знаење практикувам и да го потврдам со официјални сертификати, најчесто од официјалната Microsoft академија во областа на Web Applications Development with Microsoft .NET Framework, Querying Data with Transact-SQL како и ISTQB-Software Testing Foundation. Слободното време го користам за мојот социјален живот, дружби со пријатели, патувања на различни дестинации и прошетки во природа. Спортските активности зумба и пливање се дел од моето секојдневие.
2. Работиш како .Net developer. Како изгледа еден твој работен ден?
Мојот работен ден најнапред започнува со утринско кафе и краток состанок со колегите, дискусија за нашите работни активности и распределување на работните обврски според нивниот приоритет. Работам на развивање на софтвер за дистрибуиран систем со многу корисници. Работата секојдневно ни е многу динамична и бара брза реакција доколку се појави тековен проблем, промени во софтверот или потреба од некои итни дополнителни барања. После завршување на приоритетни активности, се пренасочувам кон развивање на започнатите апликации кои се комплексни и обемни проекти кои се развиваат тимски.
3. Зошто некој треба да го познава SQL во денешно време?
Денес сите ние живееме во дигитална ера каде што имаме пристап до многу податоци од најразлични области. Тие податоци само по себе не би имале никакво значење доколку не не носат до информациите кои ни се потребни. Свесноста за значењето на податоците е се поголема, па затоа и нивната анализата е се повеќе застапена во повеќе сфери, како во бизнисот, здравството, образованието и мн други. За да можеме да ги обработиме податоците, да изведеме сложени операции и одредени анализи од самата база потебно е да знаеме како да го направиме тоа. Секако со изучување на SQL ќе знаеме со кои SQL команди и на кој начин да ги направиме соодветните анализи.
4. Што можат учесниците да очекуваат од овој курс? Што ќе се учи?
Во овој курс учесниците се стекнуваат со средно ниво на познавање на бази на податоци и SQL. Тоа значи дека со знаењето кое тие го стекнуваат можат самостојно да проценат кој тип на база е потребна за нивните потреби и кои типови на податоците се содржат во самата база. Ќе знаат да креираат основни типови на релациони бази на податоци со правилна организација и релации помеѓу табелите, како и да додаваат податоци во самите бази. Главниот фокус на овој курс е правилна анализа на податоци и како да ги искористат анализите кои ги направиле за посакуваната цел.
5. За кого е наменет овој курс?
За сите оние кои работат со податоци, прават одредени анализи, сакаат да направат одредени подобрувања или се заинтересирани во оваа област, вклучувајќи ги и оние кои сакаат за направат промена во кариера. Доста често со помош на овие статистики и анализи во бизнис секторот, банкарството се предвидени огромни разлики на подобрувања во сите аспекти. Исто така и оние кои користат некои табеларни пресметувачи (Excel), прават некои сложени типови на пресметки, користат формули и слично со помош на SQL би си ја олесниле работата и би си ги подобриле аналитичките перформанси
6. Како и каде можат учесниците да ги применат стекнатите вештини од курсот?
Знаењето кое го стекнуваат слушателите може да го искористат во насоките на работните профили:
- Business intelligence (BI) и Data Science кои се едни од најбараните позиции во ИТ и има голем недостаток на таков кадар, кои се базират на анализирање на голем број на податоци и се од клучно значење за подобрување и одредени измени за бизнис и финансискиот сектор
- Database administrator (DBA) и делот околу креирањето и одржувањето на базите и податоците
- Software engineer, делот со развојот на софтвер, каде што секоја апликација, без разлика дали е десктоп или веб, или ни пребарува податоци од база или прави одредени зачувување и измени.