КУРС ЗА SQL
Научи го еден од најкористените програмски јазици за управување со податоци
Почеток: 07-ми февруари
Времетраење: 3 недели
Цена: 3.800 денари
Ниво: почетник
Настава: Онлајн (Zoom)
Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.
Курс за SQL
Што е SQL
Каде се користи SQL
Курс за SQL
Нашиот курс за SQL има за цел на учесниците да им помогне да стекнат нови вештини од областа на управување со податоци, правење анализи, извлекување извештаи преку совладување на најкористениот програмски јазик за бази на податоци. Преку добро подготвен теоретски материјал, ќе се запознаеш каде се користи SQL и зошто е толку популарен. Потоа, преку практични примери ќе започнеме со пишување на код во SQL кој ќе ни покаже какви се релации има помеѓу табелите и какви заклучоци може да извлечеме.
Овој курс ќе ти помогне да донесуваш подобри одлуки и во бизнисот и во личниот живот, базирајќи се на докажани техники за анализа.
Што е SQL
SQL (Structured Query Language) е јазик со модел на релациски бази на податоци и е еден од најкористените јазици за управување со базите на податоци. Во денешно време, речиси е невозможно сериозно да се занимаваме со анализа на податоци без познавање на SQL. Затоа, секој кој сака да ја фокусира својата кариера во Data Science, AI (Вештачка интелигенција), ML (Machine Learning), SQL е еден од основните чекори кои мора да ги совлада.
Познавањето на јазикот SQL ви дава одредена самостојност и независност во работата. Со помош на овој јазик можете сами да ги прочитате податоците од базата, да ги организирате во соодветни табели кои понатаму може да се користат и за креирање на извештаи.
Каде се користи SQL
- креирање на нова табела во базата на податоци (DB);
- додавање нови записи на постоечките табели;
- ажурирање записи во постоечки табели;
- целосно бришење на податоци;
- избор на записи од различни табели, во согласност со наведените услови;
- менување на видот и структурата на една или повеќе табели.
- создавање или измена на нови или постоечки објекти во базата на податоци;
- пристап до системот за управување со бази на податоци (DBMS).
Запознај го инструкторот:

Анета Трајковска - NET Developer
Своето повеќе годишно искуство во ИТ индустријата го има како .Net developer со SQL бази на податоци. Секојдневно работи на реални проекти каде се вклучени комплексни бази на податоци. Активно се надградува преку посета на голем број семинари, обуки и е во чекор со новостите од нејзината област. Исто така поседува и сеpтификати од официјалната Microsoft академија за Querying Data with T-SQL. Своето искуство го има споделувано преку предавања и давање на обуки.

SMX - ЗА НАС
Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SourceMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.
Глигор Ризов

Ѓорги Митев

Александра Витанова

Ана Стоилкова

Христина Колова

Теодора Дузлеска

Росана Костадинова

Previous
Next
Што имаме постигнато
0
години постоење
0
+
курсеви организирано
0
+
учесници
0
компании со кои соработуваме

Што велат нашите учесници
Одлична организација, услови и инструктори кои одлично го пренесуваат нивното знаење и искуство. Среќен сум што сум дел од оваа академија.

Прекрасно искуство, ми се отворија нови видици и препорачувам секој што сака да го надгради своето знаење или размислува за нова кариера без колебање да ги посети курсевите на SourceMX Academy. Поздрав дечки, прекрасни сте!

Благодарност и на вас и вашиот тим кој неизмерно ни даде нови знаења кои во иднина ќе ни бидат корисни за наши успеси, секако ќе следиме и наредни ваши курсеви, благодарност и на предавачот Глигор Ризов за трпеливоста и умешноста, за сите предавања кои беа со голема претпазливост и разбирливост од негова страна

На овој курс научив многу за Premiere Pro и тоа ќе ми биде од голема важност професионално, но и на личен план. Инструкторот Владимир е експерт во тоа што го работи, а неговото знаење знае одлично да го пренесе на студентите. Секогаш ги поддржувам луѓето кои инвестираат во себе и сакаат да научат нешто ново, бидејќи само на тој начин можеме да стигнеме до целта.

Јас ги посетував курсевите за програмирање со С++ и Python и ви ги препорачувам SourceMX Academy поради внимателно креирана и адаптирана програма; професионални инструктори кои трпеливо ги разјаснија и најситните детали; совршен баланс помеѓу новите работи и вежбите. Се гледаме на некој нов програмски предизвик во SourceMX Academy.

Благодарност голема до тимот на Source MX Academy за постојаната (техничка) поддршка; пред, за време на и по завршување на курсот. Задоволството е мое што бев дел од групата, а во таа насока - пофални зборови и за предавачот Ана. Исто така би сакала да го пофалам и софистицираниот систем на онлајн плаќање за курсевите, што сериозно го олеснува процесот на пријавување. Сигурно ќе се дружиме и во иднина, а дотогаш - поздрав и секое добро!

Сакам да ви искажам огромна благодарност за организацијата и задоволство од посетата на курсот. Во однос на академијата бевте професионални и организирани. Сите часови навреме почнуваа и завршуваа, а во друг случај информациите ги добивавме навреме. Ивица беше одличен предавач, со многу позитивна енергија, кој успеа да ни го пренесе своето знаење, па дури и јас кој сум лайк во областа да научам многу. Ви посакувам да организирате уште многу вакви курсеви, исто толку успешни и со исти такви предавачи - па дури и многу подобри!

Ви благодарам за одвоеното време и добрата организација околу курсот. Секако, голема благодарност и до инструкторката Ева за прекрасното и професионално предавање. Курсот беше изведен одлично и баш како што Очекував. Презадоволен сум и ми помогна да започнам едукација во Сосема нова гранка и професија, која се надевам ќе ја користам во иднина и ќе се надоградувам. Уште еднаш голема благодарност до целиот тим!

Јас како учесник на курсот за Adobe Photoshop u Illustrator Bo SourceMX Academy, би споделила прекрасно искуство. Предавањата беа одлични, се беше до детал опфатено и објаснето со практични примери. Голема мотивација добив од нашата инструкторка Вероника Петрова која секогаш беше отворена и Достапна за прашања и полна со трпеливост. Голема благодарност!
Посветеноста и креативноста сметам дека се најголем адут во областа на Photoshop i Illustrator. Се надевам во иднина би се пријавила пак на еден од многубројните курсеви.

Презадоволна од обуката за основи на Python. Предавачот е професионален, и пристапен за прашања. Материјалот е одлично избран и темите се практични. Сигурно ќе посетувам обука од SourceMX повторно.

Вистинско задоволство беше да се учи и соработува со професионален тим кој е секогаш спремен да ви помогне и објасни, особено инструкторот Ненад кој беше задолжен за Python курсот. Кога би ме прашале зошто би ги избрал SourceMX, мојот прв одговор би бил затоа што се изучуваат курсевите на начин кој не е само теоретски, туку се работи на примери и проекти кои би не спремиле за практична работа која всушност е најбитна Во нашата кариера како идни програмери.

Previous
Next
Што по завршување на курс во SMX
Сертификат за успешно завршен курс
Видеа и задачи од сите предавања
Додавање во платформата на SMX
Што ќе научиш
Преку нашиот курс за SQL ќе ги совладаш основите на програмскиот јазик преку
учење на неговата основна синтакса, односно како се пишува кодот, за потоа
да преминеме на напредни алатки за поврзување и структуирање на бази на
податоци кои се користат и во големите компании.
Овој курс ќе ти помогне да донесуваш подобри одлуки и во бизнисот и во
личниот живот, базирајќи се на докажани техники за анализа.
Каде може да ги искористиш вештините од овој курс
Анализи дизајнирани за да гледаат назад,
односно да дадат анализа што се случило во минатото, врз база на
реални податоци
Една од 5 најбарани професии во ИТ, која се насочува кон
иднината, односно да предвиди што ќе се случи во иднина со
податоците
За анализа на податоци и подготовка на
извештаи, Key Performance Indicators (KPI)
За тестирање на датабази
За креирање бази на податоци и
градење софтвери кои зачувуваат податоци од веб страни, веб и
десктоп апликации
За кој е наменет овој курс
Секој што работи со голем обем на податоци и сака да прави поквалитетни анализи и споредби
Секој што сака да започне кариера во IT како програмски јазик кој се користи за зачувавање податоци при градење на софтвер
Секој што сака да започне кариера во Data Science и Business Intelligence кои се едни од најбрзорастечките и најбараните области во ИТ секторот, поради зголемениот обем на податоци и нивната примена во сите области
Пријавување
За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.
Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.
НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:
Време:
07.02.2023
Времетраење:
3 недели
Распоред:
2 предавања неделно вторник и четврток од 19 часот до 21 часот
Цена
3.800 денари