Student Experience – Драгица Атанасовска Кочов – учесник на Product & Project Management Bootcamp
- јуни 25, 2025
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: Product & Project Management Product & Project Management Bootcamp Student Experience

Во свет што постојано се менува, каде што технологијата, пазарот и професиите се развиваат со забрзано темпо, највредната и најсигурна инвестиција е онаа што ја правиме во себе. Во таа насока, сè повеќе луѓе одлучуваат да преземат активна улога во градењето на својата иднина, независно од тоа каде започнуваат.
Таков е и примерот на Драгица Атанасовска Кочов, личност со јасна визија и желба за професионален раст, која и покрај тоа што немала претходно искуство во менаџирање на проекти и продукти, одлучи да го направи првиот чекор. Со отворен ум и подготвеност да учи, се запиша на Bootcamp-от за Product & Project Management организиран од SMX, и тоа беше почетокот на нејзината кариерна трансформација.
-
Кратко запознај не со тебе. Дали претходно си имала интерес или искуство со менаџирање на проекти,продукти или ова ти беше прво запознавање со темата ?
Јас сум Драгица Атанасовска Кочов. Иако немам практично искуство со менаџирање на проекти или продукти, отсекогаш сум имала интерес за организација, планирање и тимска работа. Ова беше моето прво вистинско запознавање со темата и ми беше навистина интересно да научам како функционираат процесите и кои се клучните улоги и одговорности во проектниот менаџмент. Сакам да продолжам да се развивам во оваа насока и да стекнам дополнителни знаења и вештини.
-
Што те мотивираше да се запишеш токму на Bootcamp-от за Product & Project Management? Имаше ли некоја конкретна цел или ситуација што те поттикна ?
Се запишав на Bootcamp-от со желба да научам како се планираат и водат проекти на професионален начин. Иако немав претходно искуство, имав силен интерес и желба да ја проширувам мојата кариера во таа насока.
-
Како дозна за SMX и зошто се реши токму за овој Bootcamp ?
Првпат дознав за SMX преку пријатели со слични интереси. Потоа истражував преку социјалните мрежи и веднаш ми оставија одличен впечаток – достапни, професионални и отворени.
-
Кој дел од програмата ти беше најинтересен – учењето за SCRUM, тимските улоги или начинот на планирање проекти ?
Програмата беше одлична! Секоја тема ми беше интересна и корисна. Особено ми остави впечаток делот за SCRUM, каде што научив како тимовите можат ефективно да соработуваат преку јасно дефинирани улоги и фокусирани спринтови. Тоа ми помогна да разберам како изгледа вистинска работа во Agile средина. Многу ми значеше и запознавањето со принципите за планирање на проекти.
-
Кој ти беше најголемиот предизвик за време на Bootcamp-от и како го надмина ?
Најголем предизвик ми беше тимската работа со луѓе со различни мислења и стилови на комуникација, особено бидејќи ова ми беше прво искуство од ваков тип. Го надминав со отворен пристап, слушање и прилагодување – што ми помогна да соработувам подобро и да придонесам во тимот.
-
Како планираш да го искористиш знаењето од Bootcamp-от во иднина – дали за лични проекти, фриленс, или нова кариера ?
Сакам да продолжам со развојот и да стекнам практично искуство, било преку вработување, фриленс-проекти или соработка со различни тимови. Планирам знаењето од Bootcamp-от да го искористам како основа за нови предизвици или кариерен развој во проектен или продукт менаџмент.
-
Што би им порачала на сите што размислуваат да се запишат на Bootcamp-от за Product & Project Management ?
Да не се двоумат, да работат на себе, да си ја вратат вербата дека сè може да се научи, а за тоа најдобро ќе им помогне и покаже тимот од SMX.
Не ти треба долгогодишно искуство за да започнеш во Product & Project Management. Доволни се желбата за учење и вистинска насока. Нашиот Bootcamp е дизајниран токму за оние што сакаат да направат промена, со структуриран пристап, практични алатки и поддршка од ментори што веруваат во твојот потенцијал.
📅 Стартуваме во октомври – пријави се уште денес и искористи го попустот за рана регистрација!
👉 smx.mk/live/product-project-management-bootcamp