Q&A – Запознај го инструкторот на курсот за Google Ads – Емир Зеќовиќ
- март 20, 2024
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Google Ads
Примената на Google Ads во денешниот дигитален свет е широка, со се поголем ефект за бизнисите и корисниците од година за година. Со својата способност да достигне до целната публика во правиот момент, Google Ads е клучен инструмент за секој бизнис кој сака да го зголеми своето онлајн присуство и да привлече повеќе клиенти.
Доколку се соочуваш со потешкотии при поставување на реклами или пак се уште немаш познавање од платформата, ние во SMX креиравме решение – 8 дневен курс за Google Ads каде нашиот инструктор Емир Зеќовиќ ќе го спакува своето долгогодишно искуство во индустријата и ќе ти помогне да ја совладаш оваа барана вештина.
Денес те запознаваме со Емир, со тоа што ќе се учи на овој курс и за кого е наменет.
Накратко запознај не со тебе. Кој е Емир?
Па на кратко, поранешен кошаркар, кој што моментално е заљубен во стартапи.
Заинтересираноста за стартапи би рекол доаѓа од желбата за градење системи, што само по себе е носи предизвици, и исто така, дигиталниот маркетинг се базира на одржување и градење системи кои што се во постојана врска едни со други.
Во врска со мојот професионален ангажман, моментално работам како Главен Маркетинг Директор на 12min – B2C апликација со 6 милиони корисници, и како Senior Business Development Consultant во Opengraph.io.
Имаш навистина интересно искуство во дигиталниот маркетинг, што беше тоа што прво те заинтересира за оваа индустрија?
Она што мене лично ме заинтригира да се инволвирам повеќе во дигиталниот маркетинг е увидот дека без разлика за која компанија станува збор, едноставно е невозможно да се тестираат системи без добар обем на корисници.
Зголемувањето на обемот на корисници може да дојде само преку paid, earned & owned media, без разлика за која компанија станува збор. И како доказ за се ова, се предвидува дека дигиталниот маркетинг ќе достигне $667 billion како индустрија во 2024 година.
Што се однесува за платеното рекламирање, и пред се платено рекламирање преку Google, би рекол дека е скоро па неизоставен дел од секојдневните операции на сите компании, од е-трговија, па се до софтвери и услуги.
Како би ја опишал користа и важноста на Google Ads за еден бизнис, но исто и вештината за креирање и менаџирање реклами за клиенти?
Најпопуларниот начин за рекламирање на Google е преку Search Ads. Вредно е да се напомене дека не буквално секој бизнис има потреба од Google Search Ads, пред се, зависи од самиот бизнис модел и профилот на иделниот потрошувач (ICP). Добар маркетер, пред да се одлучи за дали да работи со Google Search Ads или не, треба пред се да земе во предвид дали услугата или производот кој што го нуди, е нешто за кое луѓето активно пребаруваат. Но секако доколку се земат во предвид сите опции за рекламирање преку Google (Search, Display, Shopping, Video, App) готово и да не постои таква компанија на која што тоа не е и потребно. И тоа само по себе ја објаснува корисноста за Google Ads. А и доказ за тоа се $220 billion потрошени на Google Ads во 2022 година.
Што е најважното што треба да го научат учесниците на овој курс за да им придонесе во кариерата или во својот бизнис?
Иако креирањето реклами е важно и секако неопходно, она што е уште поважно е самото интерпретирање на податоците и оптимизацијата на рекламите. А тоа секако доаѓа како последица од разбирање на најважните метрики и што секоја варијација би можела да значи, за истите реклами да можат да се оптимизираат. Бидејќи објавувањето на рекламите, и следењето на податоците, претставува само прв чекор во целиот процес.
Дали можеш да издвоиш метрика која ќе се објасни на курсот која учесниците треба добро да ја знаат и да внимаваат на неа?
Пред се, тоа зависи од самата кампања и целта на самата кампања и се разбира од бизнис моделот кој што е во прашање. Но една универзална вистина секако би била дека без разлика рекламата и за кого е наменета, треба многу внимание да се посвети на следниве метрики:
Conversion Rate (Стапката на конверзија го евидентира процентот на корисници кои ја завршиле посакуваната акција или дејство)
CTR( е колку луѓе кликнале на вашата реклама (кликови) поделено со бројот на луѓе кои ја виделе (импресии)
CPC (Цена по клик на реклама)
ROAS (Поврат на инвестиција)
Cost per Acquisition/Conversion (Метрика која го мери вкупниот трошок за стекнување на еден клиент или конверзија)
CPM (CPM е просечната цена на (1.000) рекламни импресии)
Секако постојат уште многу други метрики кои што можат да се наведат, но сметам дека овие 6 метрики ќе ги сретнеме без разлика за која реклама и за која компанија станува збор.
За кого е наменет овој курс? (ова може и ние да го напишеме, ако имаш некој инпут напиши слободно)Курсот е наменет за почетници во дигиталниот маркетинг, секој што има основни познавања со Facebook & Instagram маркетинг, SEO или друг дел од дигиталниот маркетинг. Но, исто така, е наменет за маркетинг ентузијасти кои сакаат да навлезат во нова брашна и потенцијална кариера која нуди можности за напредување и заработка. Ова секако е корисно и за сопственици на мали бизниси кои сакаат да ги искористат можностите на Google Ads за својот бизнис.
Дознај повеќе за курсот за Google Ads тука: https://smx.mk/live/kurs-za-google-ads/