Еднодневен бесплатен настан на тема: Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг
- октомври 10, 2022
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Дигитални вештини
На 5ти Октомври во Дом на АРМ во Струмица се одржа бесплатниот настан на тема: Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг. Огранизатори на настанот беа ???????????? & ????????????????????????????????????????, две компании за чија посветена работа сведочат низа успеси.
Најпрвин да се запознаеме со SmartClick, кои се и која е нивната цел?
SmartClick е агенција составена од вреден и посветен тим, чија главна услуга е изработка на веб страници во WordPress и нивна оптимизација со цел повисоко рангирање на пребарувачите која се истакнува во Македонија и светот за што сведочат бројни успешни приказни за кои можете да дознаете повеќе на следниов линк. Преставник на настанот од SmartClick беше Милан Савов, основач на компанијата кој несебично ја сподели својата кариерна приказна, како и неколку совети и насоки со присутните кои се надеваме дека ќе им помогнат да ја донесат правилната одлука за својата кариера.
Како претставник од SMX беше секогаш посветениот тим лидер и основач на SMX, Глигор Ризов, кој преку овој настан го сподели своето досегашно искуство и кариерниот пат кој го довел денес на местото каде што е, основач на SMX, едукативен центар зад кој стои тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, чија цел е да обезбедат професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.
На настанот беа опфатени најважните прашања за секој кој сака да започне да работи во IT и Дигитален маркетинг и тоа:
- Како да започнете;
- Кои се пречките;
- Кои се можностите.
Во прилог ви споделуваме мал дел од атмосферата на еднодневниот настан.
До следно видување!