Социјалните мрежи константно изненадуваат со новитети. Баш кога мислиме дека една платформа успева да направи монопол над сите други, се појавува друга речиси од никаде и сите корисници се пренасочуваат таму преку ноќ.

Некои социјални мрежи како Facebook, Instagram, и Twitter остануваат секогаш важни во брзо растечкиот дигитален свет, меѓутоа, одвреме навреме посебно кај помладата генерација се појавуваат нови забавни платформи кои барем накратко успеваат да го украдат вниманието на огромен дел од популацијата.

Таква мрежа е моментално актуелната TikTok. 

TikTok е апликација преку која корисниците постираат кратки видеа вообичаено комични или музички, од кои многу стануваат вирални и се споделуваат на сите други социјални мрежи. 

Во моментот TikTok го достигнува пикот на популарноста, меѓутоа од каде всушност се појави оваа апликација и како го достигна неверојатниот број од 800 милиони активни корисници од цел свет?

Кратка историја

TikTok е продукт на голема кинеска компанија и се наоѓа на сцената само неколку години. Апликацијата има променето имиња и добиено многу нови додатоци и измени низ годините, но во последната година успеа да ја создаде перфектната комбинација погодна за забава на најмладите.

  • Пред да биде позната под името TikTok, апликацијата се викаше Musical.ly и беше популарна поради лесниот начин да се направи интересно кратко видео. 
  • Musical.ly беше доста популарна во 2015 година, беше прва на листата iTunes app. 
  • Во 2016 година, кинеската компанија Bytedance, лансираше нова верзија на Musical.ly позната како Douyin на кинескиот пазар.
  • Во 2017 година ја претставија истата апликација пред светот под името TikTok. 
  • Гледајќи го потенцијалот на платформата посебно помеѓу помладата генерација, Bytedance ја откупи и ја промени Musical.ly во верзија на TikTok која ја знаеме денес.

Како што растеше платформата во популарност, исто така растеше и разновидноста на видеата кои ги споделуваат корисниците. Најпрвин беа само музички видеа, но денес комичари споделуваат стенд ап рутини, мејк ап артисти споделуваат бјути туторијали, танчери споделуваат кореографии, има огромен број на видео со DIY инструкции за како да направите или изградите нешто и различни видови на корисници секој со свој талент кои се надеваат дека ќе станат вирални.

Факти и Статистика

1.До крајот на 2019 година, дата базата на корисници на TikTok достигна 800 милиони. До крајот на 2020 година се очекува овој број да стигне до милијарда. 

  1. 50% од глобалната публика на TikTok е на возраст до 34 година. 26% од корисниците се на возраст од 18 до 24 години.
  2. Апликацијата е симната над 1.5 милијарда пати. 
  3. Најголем број на корисници, рекордни 466 милиони се од Индија, 173 милиони се од Кина и 123 милиони корисни се од САД.
  4. Просечниот корисник поминува 52 минути дневно на TikTok апликацијата.
  5. Bytedance компанијата која ја поседува TikTok апликацијата вреди 75 милиони долари, со што го добива статусот највредна старт ап компанија во светот.
  6. 60% од корисниците на TikTok се женски а 40% се машки.

Кога нова апликација се појавува на пазарот и нејзината популарност нагло расте, понекогаш е тешко да се разбере зошто. Зошто баш тоа недостасувало на пазарот и како бил препознаен тој недостаток?

Кога првпат се појави Instagram, најпрвин изгледаш како обична апликација за споделување слики со многу филтери. За многу кратко време апликацијата стана гигант во своето поле и сега сите големи брендови го користат за промоција. 

Snapchat сторињата на почетокот изгледаа смешно и будалесто, меѓутоа Инстаграм ја препознаа вредноста ја украдоа идејата и сега сторињата доминираат на платформата.

Кога станува збор за TikTok, она што го издвојува од другите апликации е огромниот број на луѓе кои бараат нов извор на забава и дистракција по неколку минути дневно. 

Посебно кај тинејџерите, идејата дека можат да постираат на апликација на која претежно сe наоѓаат нивни врсници за било што. Има огромен број на категории кои се привлечни токму за помладите генерации: хумор, хоби, фитнес, патување, музика, фотографија, танцување; Секоја категорија привклекува големо внимание и е отворена за сите.  

Сега за сега забавата е она што ги привлекува кориснците, меѓутоа се повеќе растат едукативни, мотивирачки и бизнис ориентирани содржини.

Маркетинг и рекламирање

Постојат 3 главни начини како брендовите успеаат да се рекламираат на TikTok.

  1. Создаваат свој акаунт и споделуваат видеа поврзани со нивниот бренд.
  2. Соработуваат со инфлуенсери за да ја споделат својата содржина со поголема публика.
  3. Плаќаат за реклами на TikTok – но сепак оваа опција е уште многу скапа за помалите компании.

Како да поставите платена реклама на TikTok?

Во почетокот на 2019 година, TikTok ја понудија опцијата за рекламирање на платформата. Во истата година нивниот приход порасна за 300% за разлика од претходната година.

Рекламите на TikTok се слични како рекламите кои ги гледате на youtube, кратки видеа кои траат од 10 од 15 секунди, може да ги прескокнете после неколку секунди, а брендовите плаќаат за број на прегледи.

Во моментот постојат 3 видови на реклами:

  •  Реклами кои се појавуваат на цел екран – Се појавуваат во моментот кога корисникот ќе ја отвори апликацијата на цел екран. Овој вид на реклама е лимитиран на мал број на брендови и може да вреди и до 50.000 долари по кампања.
  • Реклами кои се појавуваат помеѓу видеа – Слични како рекламите што се појавуваат помеѓу Instagram сторињата, овие реклами вообичаено носат до landing page или до app store.
  • Предизвици преку #HashtagПромовирани hashtags од страна на бизниси кои ги предизвикуваат корисниците да создаваат видеа поврзани со тема кои тие ја поставуваат.

 

Рекламите на TikTok сеуште не се многу популарни и сеуште се тестираат. Затоа и нема точен број за тоа колку чинат. Некои агенции велат дека за да направите успешна кампања на TikTok ви требаат најмалку 6.000 долари.

Заработка на TikTok

Во моментот не постои директен начин да се заработи од популарност на апликацијата. Иако бројот на прегледи на видеата е многу голем, голем број од корисниците ги замолуваат своите “следбеници” да ги посетат нивните профили на други социјални мрежи или веб страни од каде што можат да заработат.

TikTok дозволува секој акаунт да сподели линкови од своите Instagram или YouTube профили што е одличен начин да се добијат повеќе следбеници и дополнителни приходи.

Еволуцијата на маркетингот на платформите како Instagram и Snapchat нѝ покажа дека со правилна публика се е возможно. 

За секој личен или бизнис бренд што прави квалитетен видео контент засега TikTok е интересен за експериментирање. Како што се зголемува бројот на корисници, можеби и можноста за заработка од апликацијата ќе стане значителен дел од една маркетинг стратегија на голем број на компании.