Добиј ја твојата акредитација и започни успешна HR кариера
- септември 6, 2024
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Bootcamp за Човечки ресурси
Ако твоја цел е да станеш успешен HR менаџер, потребно е да имаш релевантни вештини и знаења кои ќе ти овозможат да ги водиш човечките ресурси на највисоко ниво. Еден од најефективните начини да го постигнеш тоа е преку добивање на CPD акредитиран сертификат. Што претставува CPD и како можеш да го искористиш за да напредуваш во твојата HR кариера – дознај повеќе во денешниот блог пост…
Што е CPD?
CPD или Континуиран Професионален Развој се однесува на активности кои им помагаат на професионалците да ги подобрат своите вештини и знаења во текот на нивната кариера. Тоа вклучува најразлични форми на учење, како што се курсеви, вебинари, конференции, подкасти и публикации. CPD им помага на професионалците да останат во тек со најновите трендови и практики во својата област и да го одржат својот професионален развој.
Зошто е важна CPD акредитацијата?
Акредитацијата на CPD активностите укажува дека тие се од висок квалитет и исполнуваат одредени стандарди. Ова значи дека активностите што ги поминувате се проверени и одобрени од експерти во индустријата. CPD акредитацијата не е само признание за квалитет, туку и гаранција дека ќе стекнете релевантни и применливи вештини.
Како до CPD акредитиран сертификат за HR Manager?
Ако се стремиш кон кариера како HR Manager, еден од најефикасните начини да го постигнеш тоа е преку нашиот Human Resources Bootcamp. Оваа интензивна програма, која е CPD акредитирана, и ќе ти овозможи да стекнеш практични знаења и меѓународно признаен сертификат.
Придобивки од CPD акредитацијата:
- Потврда за квалитет: Кога завршуваш акредитирана програма, добиваш сертификат кој го признава твојот професионален развој.
- Кредити за професионален развој: По завршување на програмата, ќе добиеш CPD кредити кои можеш да ги вклучиш во твоето професионално портфолио и да ги регистрираш кај работодавец или регулаторно тело.
- Меѓународно признаен сертификат: Акредитираните сертификати се признати на глобално ниво и го потврдуваат квалитетот на твоето образование.
Како функционира HR Bootcamp програмата?
Нашиот HR Bootcamp започнува на 27-ми септември 2024 со 2.5 месеци настава и 1 месец работа на реален проект. Програмата е дизајнирана да ти овозможи целосно разбирање на стратегискиот HR менаџмент, правните аспекти на HR, и ефективната комуникација во HR. Оваа комбинација на знаења ќе ти помогне да развиеш вештини кои се неопходни за да бидеш успешен HR менаџер.
Што ќе научиш?
- Стратегиски HR менаџмент: Како да ги усогласиш HR стратегиите со бизнис целите на компанијата.
- Правен HR: Запознавање со трудовото право и применување на истото во секојдневните HR активности.
- Ефективна комуникација: Вештини за вербална и невербална комуникација, како и техники за решавање на конфликти.
Со добивање на CPD акредитиран сертификат, не само што ќе го потврдиш твојот професионален развој, туку и ќе имаш можност да се позиционираш како доверлив и компетентен HR професионалец.
Информирај се повеќе за HR Bootcamp-от на следниов линк: https://smx.mk/live/hr-bootcamp-covecki-resursi/