Digital Marketing Bootcamp:
Започни кариера како Social Media Маркетер

Гледаш потенцијал во кариер како маркетер на социјални мрежи? Размислуваш да работиш како фриленсер или да започнеш да работиш во дигитална маркетинг агенција? Оваа обука е токму за тебе!

Почеток: 6-ти март 2025

Распоред: Вторник и четврток од 18.30 до 20.30

Времетраење: 2.5 месеци предавања + 1 месец работа на реален проект

Работа на реални проекти за маркетинг агенции Social Circle & Roccad

Настава: Онлајн (Zoom)

Учи 2.5 месеци, Работи на Реален проект 1 месец
Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.

Дали Дигитален маркетинг и
Social Media Marketing е за тебе?

Креативна и амбициозна личност

Активно следиш на социјалните мрежи секој бренд што објавува и како работи, а често имаш идеи и како тоа може да биде подобро

Бараш динамична кариера

Позицијата маркетер на социјалните мрежи никогаш не е досадна! Како што се менуваат трендовите, така треба да се следат и новите апдејти во платформите за подобри резултати.

Ти треба дополнителна заработка со дигитална вештина

Поради се поголемата побарувачка на компаниите да бидат активни на социјалните мрежи, се отвараат многу можности за дополнителна заработка како маркетер на социјалните мрежи.

Искуства на нашите учесници

Што ќе научиш

Како да градиш бренд и да се издвојуваш на социјалните мрежи

Како да креираш содржина која добива голема интеракција

Како да поставуваш реклами кои носат резултати

Како да го претвориш Social Media Marketing во кариера или фриленс работа

Преку реални проекти ќе научиш како се води маркетинг за компании

Како да анализираш резултати на реклами и објави и да ги подобриш твоите кампањи и објави

Еден месец работа на реални проекти за маркетинг агенции

Тимот на SMX е активен во овој сегмент од маркетингот повеќе од 8 години, заедно имаме соработувано со над 150 домашни и странски клиенти, менаџирано буџет од над 1.000.000 евра за рекламирање за повеќе индустрии. Поради тоа, одлучивме да го споделиме нашето знаење и искуство преку 4 месечен Social Media Marketing Bootcamp во кој ќе имаме 1 месец целосно работење на реални проекти со партнер маркетинг агенции Social Circle и Roccad.

Двете компании имаат долгогодишно искуство и голем број на клиенти во нивното портфолио, од најразлични индустрии и сфери, па задачите кои би се сработувале би биле сеопфатни и многу корисни за учесниците на буткампот. Освен тоа што во текот на 3-те месеци предавање ќе има домашни задачи, последниот месец од буткампот е целосно посветен на работа на поголеми проекти и задачи за реални клиенти.

Прочитај повеќе за практичнот дел од Social Media Marketing буткампот и како ќе се одвива соработката на учесниците со партнер компаниите. 👇

Сите учесници ќе бидат вклучени на Slack и Asana. Ќе се зададат различни мали и поголеми таскови за некои од клиентите на маркетинг агенциите Social Circle и Roccad. Секоја задача ќе има контакт лице од фирмите кое ќе биде достапно за прашања и консултации.

Пример задачи:

  • Пишување текст за објава
  • Креирање слика за објава
  • Комплетно креирање објава
  • Креирање Content Calendar
  • Креирање Social Media Strategy
  • Поставување на реклама
  • Менаџирање и оптимизирање на реклама

Запознај ги инструкторите

Александра Абрашев, Co-founder of Social Sicrcle

Александра Абрашев, професионалец во дигитален маркетинг со 10 години искуство и акаунт менаџер со пасија за креирање, без разлика дали е градење бренд, креирање бренд приказни, дизајнирање грид за социјални мрежи или креирање META реклами кои носат резултати за секој клиент.

Со голем интерес и разбирање на AI технологиите, таа успешно ги интегрира во своите маркетинг стратегии во делот на олеснување на процесите во работењето и креирањето на кампањи.

Таа е ментор во делот на Facebook & Instagram Marketing на Social Media Marketing Bootcamp.

Глигор Ризов, CEO of SMX Academy

Глигор Ризов, основач на SMX и основач на дигитална маркетинг агенција Roccad. Глигор има 8 годишно искуство како дигитален маркетер и соработувано со голем број на домашни и странски компании. Во досегашното работење, има менаџирано над 700.000 евра во потрошен буџет на социјалните мрежи, најголем дел за е-тррговија сајтови и генерирање контакти (lead gen) за најразлични индустрии.

Тој е ментор во делот на Facebook & Instagram Marketing на Social Media Marketing Bootcamp.

Горан Николов, Co-founder of Social Circle

Горан Николов, креативец и експерт во дигитален маркетинг со повеќе од 10 години искуство. Својата кариера ја започнува со пишување забавни текстови за блогови, за потоа да ја открие својата вистинска пасија за дигитален маркетинг.

Способен е да ги препознае и разбере потребите на клиентите, а потоа да создаде креативни и ефективни решенија кои носат мерливи резултати. Неговата страст за иновации и континуирано надоградување, како и неговата посветеност на споделување знаење, го прават одличен партнер за развој и успех во модерниот дигитален свет.

Toj е ментор во делот на платен маркетинг на Social Media Bootcamp.

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток: 6-ти март

Времетрање: 2.5 месеци учење + 1 месец работа на реален проект;

Распоред: Вторник и четврток (18.30-20.30);

Цена: 580 ЕУР(плаќање на 7 рати без камата);

За да аплицирате на овој Bootcamp, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со наставата.