Бесплатно предавање: Што е SEO и како се користи?
Во соработка со дигиталната маркетинг агенција Megantic, како специјализирана агенција за SEO услуги на своите клиенти, SMX неодамна лансираше 3 месечен SEO Bootcamp.
Преку овој буткамп ќе ја научиш една од најбараните дигитални вештини и ќе навлезеш во светот на SEO кој нуди можности за раст и напредок. Токму затоа програмата е изработена специјално од тимот на агенцијата Megantic, со цел што подобро да се прикаже како работи еден SEO специјалист, заедно со пристап до специјализираниот софтвер развиен од компанијата кој овозможува целокупен приказ на процесот за оптимизација на една веб страна.
За сите почетници и ентузијасти на темата Дигитален маркетинг, SMX и Megantic организираат Бесплатно предавање на тема “Што е SEO и како се користи”.
Што треба да знаеш:
Датум: 28-ми февруари (среда)
Време: 11.30 до 13.00
Локација: ГТЦ Глобал – Струмица, просториите на Megantic (сите пријавени ќе добијат детални инструкции)
Капацитет: 15 места
Важно: Настанот е само со физичко присуство и само со потврдено учество.
За потврда пополнете ја кратката форма и нашиот тим ќе Ве контактира