Full-Stack Academy

БЕСПЛАТНА FULL-STACK АКАДЕМИЈА ЗА ПРОГРАМИРАЊЕ

Во SourceMX ги нудиме најсовремените технологии за компјутерски науки во светот, работиме со врвни работодавци и сме запознаени кои атрибути се најбарани на пазарот.

Нашиот фокус е да го пренесеме нашето знаење преку колаборативна соработка меѓу нашите инструктори и самите учесници на академијата. Програмата нуди вовед во основите на софтвер инжинерство, со зголемен ангажман на изучување на најсовремените front-end и back-end  технологии како JavaScript, React, Node JS & Python. Учесниците на академијата ќе добијат длабоко разбирање од основите на компјутерските науки како алгоритми и дата структури, ќе развијат силна способност за решавање проблеми и технички комуникациски вештини, најценети капацитети кај софтверски инженер. 

КОИ СМЕ НИЕ

SourceMX Academy успешно организираше 7 месечна бесплатна full-stack web development академија на која имаше 13 учесници внимателно одбрани помеѓу 100 апликации. SourceMX Academy е единствената академија во Струмица и околината која организира курсеви за програмирање, дизајнирање, маркетинг и други дигитални вештини. Целта на оваа академија е да влијае директно на пазарот на трудот обучувајќи и припремајќи кадар за работа во ИТ светот.

Обуката беше организирана по највисоки правила и критериуми, со цел учесниците да станат квалитетен кадар со високо познавање на ЈavaScript native, Node.js и React.js за да имаат можност да се вработат во соодветна IT компанија.

Целта на оваа академија за програмирање е преку процес на собирање голем број апликации, тестирања и интервјуа, да најдеме група на луѓе кои ќе бидат целосно посветени на учењето и целосно да ја совладаат full-stack web development академијата. Нашата програма не е наменета само за брзо поминување на материјалот, туку кон внимателно следење на напредокот на учесниците и адаптирање на брзината според нив.

Од старт нашата идеја е  секој учесник да го совлада материјалот, независно колку време ќе треба за тоа. Нашите инструктори, се неуморно посветени на проектот и тоа е еден од најважните фактори за успешната реализација на проектот. Иако се водиме по претходно утврдена програма, часовите често завршуваат во дискусии за одреден код и задача, каде секој од учесниците има свое уникатно мислење, а инструкторите се обидуваат да останат објективни, да го прифатат сечие размислување и да образложат што е во ред и што не.

Ние сме експерти за обука на луѓе со нула искуство во кодирање и претворање во софтверски инженери со висока заработка. Имаме соработка со голем број компании во Македонија и имаме произведено квалитетни кандидати кои веќе ги пласиравме на пазарот. Ова е наша втора генерација на кандидати и се надеваме дека ти ке бидеш следниот кој ќе добие прилика да присуствува на нашата академија.

Одлична организација, услови и инструктори кои одлично го пренесуваат нивното знаење и искуство. Среќен сум што сум дел од оваа академија.
Митко Арсов
Вработен учесник од бесплатната академија за програмирање
Благодарение на SourceMX Academy, имавме можност да се образуваме во сфери за кои претходно беше речиси невозможно за нашиот регион во источна Македонија. Од академијата сум пре-задоволен со пристапот на инструкторите, со пренесување на нивното знаење, а исто така и нивната трпеливост и посветеност за ние да го совладаме материјалот што е предвиден.

Ненад Виранов
Вработен учесник од бесплатната академија за програмирање
Оваа седуммесечна академија помината во учење, тимска работа и дружба, ми овозможи ново стекнати и високо-ценети вештини, работење на вистински проекти во тим,приказ како тоа би изгледало во реалниот свет, нов бран на самодовеба и можност за убава кариера во иднина.
Слободанка Свиркова
Учесник на бесплатната академија за програмирање

ШТО Е АКАДЕМИЈАТА ЗА ПРОГРАМИРАЊЕ И ДАЛИ Е БЕСПЛАТНА

Академијата за програмирање е нова форма на кратко и интензивно образование дизајнирано да им ги пренесе потребните вештини на учениците што им се потребни за да започнат кариера во софтверското инженерство и други технолошки полиња.

За да може да аплицираш на академијата не е потребно да имаш претходно познавање од програмирање, туку е потребна голема желба и посветеност да се научи и совлада зададениот материјал. Од моментот на аплицирање каде треба да се вметне дадениот код 7548, па се до почнувањето на академијата ќе имаме процес на селекција бидејќи имаме слободни места да прифатиме само одреден број на кандидати.

Во првиот дел од академијата ќе се запознаете со компјутерски и дата науки, основите на веб девелопмент како HTML и CSS, одреден тип на дата структури како и решавање на алгоритми. Потоа ќе навлеземе длабоко во JavaScript, проследено со React, Node js и ќе завршиме со основите на Python. Тие претставуваат едни од најбараните технологии на пазарот. Целиот процес, почнувајќи од апликациониот процес па се до завршувањето на академијата трае околу 9 месеци, па затоа се бараат кандидати кои поседуваат висока желба и упорност да постанат веб девелопери.

Дали академијата е бесплатна?

Академијата е бесплатна за сите учесници кои ќе ја комплетираат програмата, ќе покажат високи резултати во работата и ќе демонстрираат висока посветеност, а по завршувањето на академијата се вработат во една од компаниите со кои SourceMX Academy има потпишано договор. Доколку некој учесник по завршување на академијата се вработи самостојно во ИТ компанија која нема склучено договор со SourceMX Academy, тогаш се употребува моделот на месечна исплата на сумата во договорот.

Во случај учесниците да ја завршат академијата и една година по завршувањето немаат понуда за работа од компании со кои SourceMX Academy има склучено договор, или не успеат самостојно да најдат работа во ИТ индустријата по 1 година, тогаш учесникот нема обврска за плаќање на академијата.

Ние од SourceMX Academy имаме создадено партнерство со IT компании во Mакедонија, и во текот на академија, вложуваме големи напори да ве пласираме во некоја од нив, но и редовно ќе бараме и други компании кои имаат потреба од таков кадар.

ПАРТНЕРИ ЗА УЧЕЊЕ И ВРАБОТУВАЊЕ

ТИМОТ НА АКАДЕМИЈАТА

Guest appearances

Инструктори

Организатори

ШТО ЌЕ СЕ УЧИ

ALGORITHMS

GIT/GITHUB

HTML/CSS

JAVASCRIPT

REACT

NODEJS

PYTHON

Document
15-ТИ ДЕКЕМВРИ

РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

ДЕКЕМВРИ

ДАТА СТРУКТУРИ И АЛГОРИТМИ

15-ТИ ЈАНУАРИ

HTML/CSS

ФЕВРУАРИ

JAVASCRIPT

АПРИЛ

REACT

МАЈ

NODE.JS

ЈУНИ

PYTHON

ЈУЛИ, АВГУСТ

РАБОТА НА ПРОЕКТ

КОИ СЕ НАШИТЕ ПРЕДНОСТИ

number-1

Фокусирани на совладување на материјалот

Нашата цел е технологиите кои се предвидени во програмата да бидат комплетно совладани, независно колку време е потребно за тоа. Ова значи дека доколку некои концепти се потешки за учесниците на академијата, тогаш нашиот тим ќе одвои повеќе време од предвиденото за да сме сигурни дека можеме да продолжиме со материјалот.

number-2

Соработка со ИТ компании за пракса и вработување

Ние сме фокусирани на наоѓање ИТ компании кои го разбираат и вреднуваат потенцијалот на нашите учесници, при што уште во текот на самата академија, компаниите може да изберат кандидати со кои ќе почнат да се запознаваат и да соработуваат, а по комплетирање на академијата и да се вработат кај нив.

number-3

Работа во тим преку GitHub Pro

SourceMX Academy е единствената академија во Македонија која има соработка со платформата, каде имаме можност сите наши учесници да добијат посебен акаунт и ќе може да се искористат сите опции и можности на Git version control системот, кој многу ќе им помогне во понатамошниот развој и секако за работа во тим.

number-four

Кариерно советување и поврзување

Освен практичниот дел од нашата академија, ние исто така посветуваме големо внимание на кариерно советување, при што на сите наши учесници им споделуваме корисни информации, организираме внатрешни настани за повеќе теми од ИТ индустријата и ги подготвуваме за предизвиците од кариера во оваа област.

КАКО ЌЕ СЕ УЧИ

УЧЕЊЕ ВО НАШИТЕ ПРОСТОРИИ

SourceMX Academy нуди опција учесниците на академијата да се пријават за да учат во нашите простории во Струмица, притоа може да се обезбеди и компјутерска опрема доколку е потребно.

УЧЕЊЕ ОНЛАЈН

Бидејќи нашите учесници се од цела Македонија, овозможуваме и комплетно учење онлајн преку платформата Zoom. Во овој случај, секој учесник мора да има соодветна компјутерска опрема како камера, микрофон и два монитори.

Пополнете ги полињата со потребните информации вклучувајќи го и вашето CV заедно со кодот кој се наоѓа во една од претходните секции на страната.

АПЛИЦИРАЊЕ

Како што напоменавме за да аплицираш на академијата не треба да имаш претходно познавање од ИТ секторот, туку висока мотивација и посветеност кон учење нова вештина. Процесот на апликација е следен. Мора успешно да ги пополните наведените полиња и да ни испратите ваше CV наведувајќи го вашето образование, ако имате претходно работно искуство и вашите квалитети. Апликациите ќе се прифаќаат до 15 декември. Во периодот до крајниот рок, секој кандидат ќе добие на меил прашања со кои ќе започнеме да ги рангираме кандидатите. Сите кандидати што ќе продолжат во наредниот круг ќе бидат контактирани.

За повеќе информации:

078800894