Летен курс за Excel

Научи ги основните и напредните формули и функции на Excel за целосна автоматизација на работниот тек

Почеток: 12-ти Август

Времетраење: 3 предавања

Распоред: Понеделник, Среда и Петок (18.30-20.30)

Цена: 3000 денари

Настава: Онлајн (Zoom)

Капацитет: 15 учесници

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Искуства на претходни студенти

Љубица Василева

Благодарност до вас, посебно до инструкторката Ана. Имам само пофални зборови за неа. Предавањето беше разбирливо,имавме доволно вежби кои Ана добро и трпеливо ни ги објасни, не следеше и ни помагаше во текот на решавањето. Се здобив со позитивно искуство кое ги надмина очекувањата. Како предлог може да ставите онлајн краток прашалник пред обуката за полесно да дознаете кои се очекувањата на пријавените кандидати и што им е потребно да научат од ексел.

Тина Тасева

Курсот за ексел помина одлично,инструкторката беше одлична во предавањата, имавме многу вежби со нејзина помош и самостојно се со цел да научиме . Јас лично научив тоа што ми е потребно за да си ја олеснам работата како Accounting&Reporting Manager во компанијата во која работам.

Моника Митрева

Благодарност голема до тимот на SMX за постојаната (техничка) поддршка; пред, за време на и по завршување на курсот. Задоволството е мое што бев дел од групата, а во таа насока - пофални зборови и за предавачот Ана. Исто така би сакала да го пофалам и софистицираниот систем на онлајн плаќање за курсевите, што сериозно го олеснува процесот на пријавување. Сигурно ќе се дружиме и во иднина, а дотогаш - поздрав и секое добро!

Што ќе научиш

Основните елементи на работниот лист

Како самостојно да внетнуваш слики, и други објекти

Како да сортираш и филтрираш податоци

Дефинирање и креирање сложени формули

Употреба на What-if Analysis

Функции (Min, Max, Average, Count, CountIf, If, SumIf, Round, VlookUp)

Графикони и Pivot табели

Програма

Прво предавање

  • Основни елементи во работниот лист
  • Креирање и уредување на табели во Microsoft Excel
  • Додавање и бришење на редови и колони
  • Форматирање на ќелии

Второ предавање

  • Користење на формули и основни функции
  • Креирање и модифицирање на графикони
  • Вметнување на слики, дијаграми и други објекти во excel документ
  • Сортирање на податоци
  • Филтрирање на податоци


Трето предавање

  • Дефинирање сложени формули, креирање сложени формули
  • Употреба на What-if Analysis
  • Други функции (Min, Max, Average, Count, CountIf, If, SumIf, Round, VlookUp)
  • Графикони и Pivot табели

Запознај ја инструкторката

Ана Јованоска

Human Resources Development Specialist | Trainer

Ана Јованоска

Ана Јовановска е мастер на бизнис администрација, а пред сè личност која поседува огромна страст кон сите работи кои вклучуваат калкулација и организација. Од таму произлегува и инспирацијата за креирање бизнис тренинг за Excel. Со креативен, а сепак професионален пристап, Ана е подготвена целосно да го трансформира начинот на кој Вашата компанија користи Microsoft Excel и со тоа значајно да ја зголеми ефективноста.

Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!

Или веднаш резервирај го твоето место

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток: 12-ти Август;

Времетрање: 3 предавања по 120 минути;

Распоред: Понеделник, Среда и Петок (18.30-20.30);

Цена: 3.000 денари;

За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.