Едно е сигурно – анализата на податоците само ќе добие поголем замав во блиската иднина и ќе биде основа на безброј нови технолошки решенија. Потпирањето на деловната интелигенција (BI) и Analytics сега ја надминува стратегијата како клучен услов во деловното планирање. Се предвидува дека услугите за анализа на податоци и информации ќе имаат најбрза стапка на раст од 16% до 18% во наредните пет години.
Информирано донесување одлуки: Од перспектива на управување, може да имате корист од анализата на вашите податоци бидејќи тоа ви помага да донесувате одлуки врз основа на факти, а не на едноставна интуиција.
Намалување на трошоците: Со помош на предвидливата аналитика, бизнисите можат да забележат можности за подобрување, и соодветно да ги планираат своите стратегии.
Таргетираење: Со користење на аналитика ќе добиете визија за сите аспекти поврзани со вашите клиенти. Можете да отркиете кои канали ги користат за комуникација, нивната демографија, интереси, навики, однесување при купување и многу повеќе.
Дата аналитичарот треба да поседува аналитички вештини кои ќе ги искористи кон решавање на проблеми преку разбирање на податоците.
Освен тоа, аналитичарот треба да знае како овие информации да ги искомуницира со другите оддели во компаниите со цел одлуките донесени на ниво на компанијата да бидат поквалитетни.
Исто така, за која и индустрија да се одличите, потребно е да имате солидно познавање од неа бидејќи изразувањето на резултатите може да биде различно за секоја индустрија.