Bootcamp за Внатрешен дизајн со AutoCAD и 3ds Max

Научи како да дизајнираш внатрешен простор користејќи ги програмите AutoCAD и 3ds Max

Почеток:Ноември

Времетраење: 3 месеци учење - 1 месец работа на реален проект

Цена: 550 ЕУР (плаќање на 6 рати)

Настава: Онлајн + снимен материјал

Ниво: Почетно

3 месеци учење - 1 месец работа на реален проект
Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Или веднаш резервирај го твоето место со уплата на прва рата!

Зошто Bootcamp за Внатрешен дизајн со AutoCAD и 3ds Max?

Специјално креирана програма

Квалитетот на една едукативна програма не е секогаш дефиниран од времетраењето. Ова значи дека фактори како: добра организираност од страна на едукативниот центар, искусни и посветени ментори, и можност за работење на реален проект каде ќе се изреализира наученото, е клучот до УСПЕШНО КОМПЛЕТИРАНА ЕДУКАЦИЈА.

Работа на реален проект

Во текот на целиот буткамп, ќе имаш можност да учиш чекор по чекор прво како се прави нацрт на комплетен простор, во нашиот случај, ќе се направи прво нацрт на стан и потоа ќе преминеме кон моделирање на просторот, да го оживееме во 3D и да научиш како се користат основните материјали и светла за да се добие финален производ – 3D моделиран стан.

Голема побарувачка на пазарот

Со постојаното развивање на нови живеалишта, комерцијални простори и потребата за реновирање и модернизација на постоечките структури, дефинитивно може да се каже дека постои висока побарувачка за вештините и услугите на внатрешни дизајнери. Во последниве години, сè повеќе луѓе и бизниси се фокусираат на квалитетот на своите животни и работни простори, што дополнително го зголемува интересот за професионални внатрешни дизајнери.

Што е внатрешен дизајн?

Во својата основа, внатрешниот дизајн вклучува планирање и дизајнирање на внатрешниот распоред на просторот. Ова може да вклучува сè, од избор на шеми на бои и осветлување до избор на мебел, опрема и додатоци. Токму затоа, дизајнот на интериерот е повеќеслојна професија која комбинира креативност, естетика и функционалност за да создаде хармонични и ефикасни простори во домовите, канцелариите и јавните површини. Тоа оди подалеку од самото декорирање, навлегувајќи во суштината на намената на просторот, потребите на неговите корисници и контекстот во кој постои.

Зошто AutoCAD и 3ds Max?

Софтверски алатки како AutoCAD и 3ds Max во внатрешниот дизајн нудат многубројни предности кои можат значително да го подобрат квалитетот и ефикасноста на дизајнерскиот процес.

Користењето на AutoCAD и 3ds Max заедно во внатрешниот дизајн нуди комплетен алатки за дизајнерите да создадат прецизни и детални планови, како и да претстават своите идеи на визуелно привлечен и разбирлив начин. Ова не само што го зголемува квалитетот на крајниот продукт, туку и ја зголемува вредноста што дизајнерите ја нудат на своите клиенти.

Еве неколку главни причини зошто да ги користиш овие програми за внатрешен дизајн:

AutoCAD

Прецизност и Точност

AutoCAD овозможува изработка на многу прецизни цртежи и планови. Ова е особено важно во внатрешниот дизајн, каде што точноста на мерењата може да влијае на целокупната изведба и функционалност на просторот.

Ефикасност во работниот процес

Со AutoCAD, дизајнерите можат брзо да прават измените и да ги ажурираат нивните планови без потреба од целосно преработување на цртежите. Ова значително ја зголемува ефикасноста и олеснува процесот на ревизија.

Стандардизација

AutoCAD поддржува широк спектар на индустриски стандарди, што овозможува лесна соработка и споделување на документи со други професионалци како архитекти, инженери и изведувачи.

3ds Max

Визуелизација и Презентација

3ds Max е моќна алатка за 3D моделирање и анимација кој овозможува создавање на реалистични визуелизации и виртуелни прикази низ дизајнираните простори. Ова може значително да ја подобри комуникацијата со клиентите и да им помогне подобро да ги разберат и замислат предложените дизајни.

Експериментирање со дизајн

Со 3ds Max, дизајнерите можат лесно да експериментираат со различни материјали, осветлувања и распореди на мебел, овозможувајќи им да истражуваат различни дизајнерски опции пред да се одлучат за конечниот изглед.

Динамични презентации

Создавањето на анимации и виртуелни прикази овозможува динамично претставување на самите дизајни, што може да биде особено корисно за презентации пред клиенти или за маркетинг цели.

За кого е наменет овој Bootcamp за внатрешен дизајн и зашто е корисен?

Програмата што ја креиравме е наменета за секој што нема претходно искуство во областа на внатрешниот дизајн, но исто така и за професионалци кои имаат потрба од доедукација на некои концепти и совладување на одредени алатки.

Овој буткамп е наменет да те подготви да ја започнеш твојата патека кон врвен професионалец во областа на внатрешниот дизајн. Преку големото искуство на нашите инструктори, ќе добиеш не само техничко знаење, туку и менторство за кариерата и можностите што ти се нудат во самата индустрија. 

Програма - AutoCAD

Запознавање со софтверот и основна припрема за работа во истиот

Запознавање и работа со основна алатка за цртање (Line)

Запознавање и работа со дел од алатки за модификација

Цртање на едноставен цртеж

Добивање на информација од цртеж

Запознавање и работа со основна алатка за цртање (Circle)

Запознавање и работа со останатиот дел од алатки за модификација

Цртање на покомплексен цртеж

Самостојно цртање со изучените алатки

Запознавање и работа со алатките за пишување и котирење

Запознавање и работа со Layers

Цртање на цртеж со употреба на сите досегашни кажани алатки

Креирање и вметнување на блок

Цртање на цртеж со употреба на сите кажани алатки

Работилница со вежби

Корегирање на цртежот со напредни алатки

Поставување на распоред на цртежот

Подготовка и принтање на цртежот

Запознавање и работа на останатите алатки од менито Draw

Запознавање работниот простор за работа во 3D

Цртање на едноставен цртеж во 3D

Цртање на покомлексни цртежи

Поставување на светло, материјал,

Запознавање и правење рендер од нацртан објект

Работилница со вежби

Што ќе научиш

Најкористените алатки во AutoCAD

Изработка на комплексни цртежи

Како да нацрташ решение за стан

Основни и напредни алатки во 3ds Max

Основи на моделирање

Напредно моделирање

Материјали и светла

Corona рендер

Како да дизајнираш комплетно 3D решение за стан

Програма - 3DS MAX

Запознавање со 3ds max. (како дошло до идеата да се создаде ваква програма и која е потребата да се научи да се користи, за што и во кои свери се користи итн).

Запознавање со интерфејсот и основните алатки во максот. ( 3ds max интерфејс, разгледување на viewport-от, алтернативни навигациски методи и дисплеј сетинзи).

Работа со објекти. (креирање на објекти, работа со иститите, селекција, трансформација, пивотирање, дуплирање и модификатори).

 

Менаџирање на сцената. (менаџирање со објектите, разгледување на сцената, лејери, разгледување на set I group опциите).

Моделирање со модификаторот edit poly (учење на техники со полигонско моделирање, алатката bridge, cut и slice, capping holes и edge extrusion, разгледување на ring и loop алатките, normal direction и backface  culling).

Прецизно моделирање (мерни единици, алатката snap, scale mode, ресетирање трансформации, прецизна промена на големина и aligning objects).

Вежби (Основи на моделирањето).

Моделирање со линија (запознавање со 2D линија, креирање на линија и запознавање со сите опции што ги има, учење на модификаторите за неа).

Вежби (Intermediate моделирање).

Subdivision моделирање (запознавање на овај вид на моделирање, учење на неговите основи ,користење на non-quads полигони ,избегнување на concave полигони).

Вежби (Advance моделирање).

Oснови на материјали.

Corona рендер.

Светла и камера.

Текстурирање и UVmapping.

Рендерирање на сцената.

Вежби со материјали, светло и камера.

Запознај гиинструкторите

Ивица е дипломиран универзитетски инженер по машинство. Тој е сертифициран инструктор за AutoCAD и има огромно искуство во предавања на оваа материја. Искуството со оваа програма на Ивица му доаѓа од големиот број на проекти кои ги има тој зад себе.

Ивица Мирчевски

 Mechanical Engineer

ivica-mirchevski

Димитар Бојчев

3DS MAX Дизајнер

6 години искуство со 3D визуелизација (3DS MAX Corona и Vray), архитектура
(ентериери и екстериери), продукт моделирање и рендерирање (hard surface
modeling).
Работното искуство во најголем дел го стекнав работејќи за странски
компании, но исто така како фриленсер со архитекти, дизајнери и агенти за
недвижнини од различни делови од светот.
Благодарение на моите комуникациски способности, моето скромно искуство
и самиот факт дека сум “самоук”, мислам дека одлично ќе го пренесам моето
знаење на секој кој е заинтересиран да навлезе во светот на 3Д
визуализацијата.

Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!

Или веднаш резервирај го твоето место со уплата на прва рата!

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток: Ноември

Времетрање: 3 месеци учење + 1 месец работа на реален проект;

Распоред: вторник-четврток (19.00 – 21.00)

Цена: 550 ЕУР (можност на 6 рати без камата)

За да аплицирате на овој Bootcamp, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 075 407 446.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со наставата.