Летен курс за градење PR комуникациска стратегија
Научи како да креираш и спроведеш успешна комуникациска стратегија
Почеток: 20-ти јуни
Времетраење: 6 дена
Редовна цена: 3200 ден
Ниво: почетник
Настава: Онлајн (Zoom)
Капацитет: 12 учесници
Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.
Што е PR
Зошто PR
Курс за PR
Што е PR
Односи со јавноста e научна и практична дисциплина која го создава и одржува угледот на компанијата со цел да стекне разбирање и поддршка, како и да влијае на мислењето и однесувањето на јавноста. Toa e дисциплина, која е совршена за личности кои имаат желба секој ден да им биде различен и полн со предизвици
Зошто PR
Менаџерите за односи со јавноста создаваат и одржуваат поволен јавен имиџ за нивнaта организација или клиент, преку комуникација на програми, достигнувања и гледишта. Нивна задача е да направат стратегија со која ќе се постигнат претходно поставените цели за воспоставување и одржување на взаемно корисни односи меѓу организацијата и нејзината целна јавност.
PR менаџерите се присутни на конференции и други најразлични настани, и на тој начин се обидуваат да комуницираат со клучни луѓе од одреден деловен свет и за да бидат подготвени за сите предизвици, треба да поседуваат современи вештини.
Курс за PR
Нашата академија за PR има за цел на учесниците да им помогне да се стекнат со вештини за односи со јавност неопходни за дефинирање, имплементација и евалуација на стратегии и тактики кои ќе помогнат во градењето на идентитетот, имиџот и репутацијата на една организација. Анализата и работа на реални примери ќе придонесе кон приближување на PR-от до учесниците и како тие да постапат доколку се најдат во слична ситуација.
По завршување, учесниците ќе имаат знаење и вештини за односи со јавноста, ќе го совладаат деловниот протокол и комуникација, односно ќе бидат обучени да работат како модерен PR менаџер базирајќи се на докажани техники за анализа.
Запознај го инструкторот:

Ѓоргина Џина Шеровска
Ѓорѓина Џина Шеровска е доктор во областа на маркетинг менаџментот и нејзината академска насока е стратешки комуникации, односи со јавност и дигитални медиуми. Професионално работи во областа на внатрешна ревизија, односно кредитна контрола, но делува и како консултант во областа на маркетингот. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односи со јавноста, бренд менаџмент и интегрирани маркетинг комуникации со посебен осврт кон финансиите како клучна дисциплина која се обединува со маркетингот.

ЗА НАС
Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.
Глигор Ризов

Ѓорги Митев

Александра Витанова

Ана Стоилкова

Росана Костадинова

Previous
Next
Што имаме постигнато
0
години постоење
0
+
курсеви организирано
0
+
учесници
0
компании со кои соработуваме
Што велат нашите учесници
Одлична организација, услови и инструктори кои одлично го пренесуваат нивното знаење и искуство. Среќен сум што сум дел од оваа академија.

Прекрасно искуство, ми се отворија нови видици и препорачувам секој што сака да го надгради своето знаење или размислува за нова кариера без колебање да ги посети курсевите на SourceMX Academy. Поздрав дечки, прекрасни сте!

Благодарност и на вас и вашиот тим кој неизмерно ни даде нови знаења кои во иднина ќе ни бидат корисни за наши успеси, секако ќе следиме и наредни ваши курсеви, благодарност и на предавачот Глигор Ризов за трпеливоста и умешноста, за сите предавања кои беа со голема претпазливост и разбирливост од негова страна

На овој курс научив многу за Premiere Pro и тоа ќе ми биде од голема важност професионално, но и на личен план. Инструкторот Владимир е експерт во тоа што го работи, а неговото знаење знае одлично да го пренесе на студентите. Секогаш ги поддржувам луѓето кои инвестираат во себе и сакаат да научат нешто ново, бидејќи само на тој начин можеме да стигнеме до целта.

Јас ги посетував курсевите за програмирање со С++ и Python и ви ги препорачувам SourceMX Academy поради внимателно креирана и адаптирана програма; професионални инструктори кои трпеливо ги разјаснија и најситните детали; совршен баланс помеѓу новите работи и вежбите. Се гледаме на некој нов програмски предизвик во SourceMX Academy.

Благодарност голема до тимот на Source MX Academy за постојаната (техничка) поддршка; пред, за време на и по завршување на курсот. Задоволството е мое што бев дел од групата, а во таа насока - пофални зборови и за предавачот Ана. Исто така би сакала да го пофалам и софистицираниот систем на онлајн плаќање за курсевите, што сериозно го олеснува процесот на пријавување. Сигурно ќе се дружиме и во иднина, а дотогаш - поздрав и секое добро!

Сакам да ви искажам огромна благодарност за организацијата и задоволство од посетата на курсот. Во однос на академијата бевте професионални и организирани. Сите часови навреме почнуваа и завршуваа, а во друг случај информациите ги добивавме навреме. Ивица беше одличен предавач, со многу позитивна енергија, кој успеа да ни го пренесе своето знаење, па дури и јас кој сум лайк во областа да научам многу. Ви посакувам да организирате уште многу вакви курсеви, исто толку успешни и со исти такви предавачи - па дури и многу подобри!

Ви благодарам за одвоеното време и добрата организација околу курсот. Секако, голема благодарност и до инструкторката Ева за прекрасното и професионално предавање. Курсот беше изведен одлично и баш како што Очекував. Презадоволен сум и ми помогна да започнам едукација во Сосема нова гранка и професија, која се надевам ќе ја користам во иднина и ќе се надоградувам. Уште еднаш голема благодарност до целиот тим!

Јас како учесник на курсот за Adobe Photoshop u Illustrator Bo SourceMX Academy, би споделила прекрасно искуство. Предавањата беа одлични, се беше до детал опфатено и објаснето со практични примери. Голема мотивација добив од нашата инструкторка Вероника Петрова која секогаш беше отворена и Достапна за прашања и полна со трпеливост. Голема благодарност!
Посветеноста и креативноста сметам дека се најголем адут во областа на Photoshop i Illustrator. Се надевам во иднина би се пријавила пак на еден од многубројните курсеви.

Презадоволна од обуката за основи на Python. Предавачот е професионален, и пристапен за прашања. Материјалот е одлично избран и темите се практични. Сигурно ќе посетувам обука од SourceMX повторно.

Вистинско задоволство беше да се учи и соработува со професионален тим кој е секогаш спремен да ви помогне и објасни, особено инструкторот Ненад кој беше задолжен за Python курсот. Кога би ме прашале зошто би ги избрал SourceMX, мојот прв одговор би бил затоа што се изучуваат курсевите на начин кој не е само теоретски, туку се работи на примери и проекти кои би не спремиле за практична работа која всушност е најбитна Во нашата кариера како идни програмери.

Previous
Next
Што по завршување на академија во SMX
Сертификат за успешно завршен курс
Видеа и задачи од сите предавања
Додавање во платформата на SMX
Што ќе научиш
Каде може да ги искористиш вештините од овој курс
Консултански компании како дел од тимот
Организации од јавен, приватен или невладин сектор
Маркетинг агенции
Медиуми и телевизии
Влада и останати политички сектори
Организација на настани
Секаде, затоа што знаењето стекнато на предавањата можете да го пренесете на полето кое вам ви е потребно
За кој е наменет овој курс
Секој што сака да започне да работи со комуникации и односи со јавност
Секој кој претходно посетувал обука или веќе работи во областа на маркетингот
Секој што сака да ги надогради своите комуникациски вештини
Секој што сака да го надополни своето CV со ново знаење
Секој кој сака да го охрабри својот истражувачки дух
Млади претприемачи кои сакаат да имаат раст и развој на својот бизнис преку PR алатките
Претходни термини
Зошто курс за PR во SMX
- Задоволни учесници
- Продуктивни и интерактивни предавања
- Работа преку примери и реални проекти
- Инструктор со одлични препораки
Задоволни учесници
“Искрено сум многу задоволна! Џина беше супер, отворена за соработка и помош кога е потребно. Предавањата беа инспиративни и продуктивни.
Совладав нови вештини и сум презадоволна од целиот курс. Најмногу ми се допадна што работевме на реални примери и проекти.”

“Ова беше сосема нова област за мене и ми претставуваше предизвик. Со помош на курсот научив да размислувам на поинаков начин во однос на водење бизнис.
Што се однесува на Џина, прекрасна е во секој аспект (дикција, диктирање темпо, начин на објаснување). Сте направиле вистински избор за предавач!”

Previous
Next
Пријавување
За да аплицирате на оваа академија, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.
Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.
НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:
Почеток:
20-ти јуни
Времетраење:
6 дена, 3 недели
Распоред
од 18:00 до 19:30 часот
Цена
3200 ден