Kурс за програмирање со Python

Научи ја една од најбараните вештини во 2024 година!

Почеток: 16-ти Јули (вторник)

Времетраење: 4 предавања по 120 минути

Распоред: Вторник и Четврток од 18.30-20.30 часот

Цена: 3300 денари

Електронски сертификат за успешно завршен курс

Ниво: основен

Настава: Онлајн (Zoom)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!​​

Или веднаш резервирај го твоето место

Искуства на претходни студенти

Марија Вељаноска

Курсот за Python ми беше трет курс на кој што учествував во вашата академија и како и секогаш ги исполни моите очекувања. Материјалот беше прилагоден за почетници и лесен за разбирање, инструкторот предаваше со голема посветеност и беше секогаш отворен за прашања. Задачите кои ни ги даваше како вежби имаа многу сличности со реални проекти кои се бараат во пракса. И најмногу сум благодарна за советите што да правиме после овој курс, во која насока да го продолжиме нашето изучување на програмскиот јазик Python. Курсот ми беше огромна мотивација за учење.

Мимоза Николоска

Презадоволна од обуката за основи на Python. Предавачот е професионален и пристапен за прашања. Материјалот е одлично избран и темите се практични.

Христијан Вељаноски

SMX Academy ја има стекнато мојата доверба уште преку курсевите за Javascript и HTML/CSS, а курсот за Python беше уште една потврда за тоа. Разбирливиот материјал, посветеноста и лесниот пристап до инструкторот, вежбите и задачите преку кои вежбавме, советите и насоките за идното изучување на овој програмски јазик се само дел од впечатоците што ми ги остави овој курс.

Што ќе научиш

Основи на програмирање со Python

Синтаксата на Python

Типови на податоци во Python(броеви, стрингови, booleans)

Основни и напредни пресметки и математички функции

Решавање практични проблеми преку условна логика

Условни Изјави (If...Else/Else If)

Циклуси(For/While)

Програма

Ден 1: Вовед во Python

  • Python и неговото значење во програмирањето.
  • Oсновите за подесување на Python околина за развој.
  • Синтаксата на Python и основните принципи.
  • Типови на податоци како цели броеви, стрингови и Booleans.
  • Променливи, оператори и како да изведеш основни пресметки во Python.

Ден 2: Пресметки и Форматирање

  • Напредни пресметки и користење математички функции.
  • Излез за прикажување кон корисниците.
  • Внес од корисник за создавање на интерактивни Python програми.

Ден 3: Условни Изјави (If…Else/Else If)

  • Условни изјави и нивното значење при одлучување.
  • Како да ги користиш ‘if,’ ‘else’ и ‘elif’ за контролирање на текот на програмата.
  • Решавајте практични проблеми преку условната логика.

Ден 4: Циклуси (For/While)

  • Користење на циклуси за повторни задачи.
  • Истражување на ‘for’ и ‘while’ циклусите, како и контролните изјави како ‘break’ и ‘continue.

Запознај го инструкторот

Ненад Ристов

Python Developer & Data Engineer​

nenad-ristov

Ненад е програмер со долгогодишно искуство. Има огромно познавање од Python и JavaScript, најмодерните технологии за Web Development како Django, Flask, React, Cloud платформи како AWS и Google Cloud Platform, SQL & No-SQL бази на податоци. За себе вели дека е амбициозен, авантурист, зависник од адреналин и доживотен ученик. 

Има 4+ години искуство во споделување на своето знаење, на бројни курсеви и академии!

Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!

Или веднаш резервирај го твоето место

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток: 16-ти Јули (вторник)​;


Времетрање: 4 предавања по 120 минути;


Распоред: вторник и четврток (18.30-20.30);


Цена: 3300 денари;

За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.