БАРАМЕ АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

SourceMX Academy има отворена позиција Агент за продажба. Оваа позиција ни е клучна за поддршка на растот на компанијата и ќе придонесе за отварање на нови можности за развој. Улогата на агентот за продажба ќе биде да контактира со пријавените за курсевите и обуките, како и самостојно истражување и наоѓање на поединци или компании кои имаат потреба од ваков тип на тренинг.

Од кандидати бараме да ги поседуваат следните вештини:

  • Деловна комуникација
  • Soft skills
  • Продажни вештини
  • Growth mindset

Дали се сметаш за комуникативна личност која сака да учи нови работи и постојано бара предизвици? Тогаш оваа позиција е одличен фит за тебе!

Пријави се

ЗА SOURCEMX ACADEMY

SourceMX Academy & SourceMX Business Training е брзо-растечка компанија во областа на онлајн едукација за поединци и компании, вклучувајќи повеќе теми и програми како маркетинг, програмирање, дизајн, бизнис и комуникација.

Соработуваме со повеќе експерти кои се вклучија во тимот на инструктори и безрезервно го споделуваат нивното знаење и искуство на некој од курсевите или обуките.

Преку нашите курсеви и обуки, сакаме да им помогнеме на сите кои сакаат да ги надоградат своите вештини или да научат некоја нова вештина која може да значи и целосна промена на кариерата.


Facebook


Instagram


Linkedin

КОИ СЕ ОБВРСКИТЕ

Детално запознавање со курсевите и обуките

Агентот за продажба треба да биде целосно во тек со темите кои обработуваат на курсевите и обуките. Ова овозможува полесна и поквалитетна комуникација со заинтересираните страни.

Продажба преку постоечки контакти

Тимот на SourceMX Academy преку маркетинг активностите добива заинтересирани контакти кои потоа е потребно да се контактираат за подетално објаснување на курсот или обуката.

Истражување и наоѓање контакти

Дел од обврските на агентот за продажба ќе бидат да се прави истражување и да се наоѓаат поединци или компании кои се заинтересирани за некои од курсевите или обуките.

Подготовка на извештаи

За следење на резултатите и подобрување на долг рок, агентот за продажба треба да подготвува различни извештаи во кои ќе се наведува процесот на продажба и коментари од комуникацијата.

ШТО НУДИМЕ

Во SourceMX Academy знаеме колку е важно да се поддржат членовите на нашиот тим за раст како на компаниско ниво, така и на персонално ниво. Токму затоа овозможивме и комплетна слобода при изборот на место за работа, потребна е само стабилна интернет конекција и мобилна мрежа.

Платата за работната позиција ќе зависи од искуството на кандидатот, а бонус структурата ќе биде споделена при самиот процес на интервјуирање.

  • Флексибилно работно време
  • Работа од било која локација (remote)
  • Фиксна плата
  • Бонуси за дополнителни продажби
  • Тимска средина која поддржува раст

 

Испрати го твоето CV

 

Ќе бидете контактирани

 

Онлајн интервју