Power BI Модул - Data Analysis Академија

Усоврши ги твоите вештини за анализирање на податоци со еден од најкористените софтвери за таа цел - Power BI

Почеток: Февруари

Времетраење: 2 месеци

Цена: 250 ЕУР (плаќање на рати)

3 СЛОБОДНИ МЕСТА

Вторник и Четврток (18.30 до 20.30)

Настава: Онлајн (Zoom)

Ќе учиш од експерт со повеќегодишно искуство и 3 годишно менторско искуство во SMX Academy.

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Што е Power BI?

Power BI е алатка за деловна аналитика за анализирање на податоци и споделување на документи и извештаи кои може да се пристапат одсекаде, од секого кој има пристап и да се ажурира автоматски во реално време.

Зошто се користи Power BI?

Визуелизација на податоци во реално време

Алатката Power BI нуди бројни можности кога станува збор за визуелизација на податоците, од интерактивни контролни табли и визуелно привлечни графикони, до можноста да се истражуваат одредени точки на податоците кои им помагаат на финансиските професионалци да идентификуваат трендовите, ризиците и можностите со поголема брзина и ефикасност.

Напредна анализа и прогнозирање

Интеграцијата на Power BI со напредни аналитички алатки, како што е Azure Machine Learning, отвора нови можности за професионалците во финансии. Преку предвидливо моделирање и прогнозирање, финансиските тимови можат да донесуваат информирани одлуки врз основа на увиди водени од податоци. Со идентификување на потенцијалните ризици и можности, организациите можат проактивно да планираат за иднината и да ги оптимизираат финансиските стратегии.

Приспособливо финансиско известување

Секоја организација има свои и уникатни потреби за финансиско известување. Флексибилноста и можностите за прилагодување на Power BI ги задоволуваат овие различни барања. Финансиските професионалци можат да дизајнираат персонализирани контролни табли и извештаи, приспособени да одговараат на преференциите на засегнатите страни и извршните директори. Од анализа на паричните текови до буџетирање и известување за варијанса, Power BI овозможува сеопфатно финансиско известување без ограничувања.

Што ќе научиш

Теодора е искусен ментор со 3 годишно искуство во SMX и организирани веќе над 15 термини за Power BI и Data Analysis. Со нејзиното искуство ќе научиш како да ги користиш сите алатки, трикови и можности на моќната програма Power BI.

Основните алатки на Power BI

Собирање голем број на податоци од различни извори

Обработка и моделирање на податоци

Вршење калкулации со DAX (Data Analysis Expressions)

Презентирање на податоци преку табели и графикони

Изработка на извештаи

Програма

Data Preparation:

Using different data sources

Clean, Transform, and LoadData Modeling:

Design the model

Calculation using DAXData analysis and visualization:

– Creating reports

– Enhancing Reports

Deep dive to data

Deploying and maintaining

Запознај ги инструкторите

Теодора е дипломиран економист во областа на финансии и финансиски менаџмент и веќе скоро 8 години работи како aналитичар на финансии и податоци. Теодора има големо познавање и искуство со MS Power BI, SQL, Python, машинско учење и напреден Excel.

Таа повеќе години ја спроведува обуката за Microsoft Power BI  со голем успех!

Теодора Живковиќ

Business Intelligence Specialist

ЗА НАС

Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.

Што имаме постигнато

0
години постоење
0 +
курсеви организирано
0 +
учесници
0
тим на инструктори

Што велат нашите учесници

Што по завршување на Power BI Модул во SMX

Сертификат за успешно завршен модул

Видеа и задачи од сите предавања

Додавање во платформата на SMX

Зошто академија во SMX

Искуството што го стекнавме со организирање на над 350 курсеви и обуки, со над 3500 учесници, ни овозможи да знаеме што е најважно кога организираме програми и што точно бараат учесниците.

Нашиот тим веќе повеќе од 3 години организира различни програми поврзани со темата за анализирање на податоци. Само на курсот за Power BI, досега имаме над 250 комплетирани и задоволни студенти.

Ѓорги

Координатор на програмата

Преку нашата 2 месецна програма од модулот за Power BI од академијата за Data Analysis, ќе ги научиш основите, но и напредните алатки за користење на една од најмоќните програми за анализирање на податоци. 

Програмата што ја нудиме е интензивна и е потребно доста труд да се вложи и од страна на учесниците, меѓутоа токму тоа ќе помогне за успешно комплетирање и усовршување во Power BI.

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток: Февруари;


Времетрање: 2 месеци по 2 предавање неделно


Распоред:  вторник и четврток (18.30-20.30);


Цена: 250 ЕУР (плаќање на рати)

За да аплицирате на овој модул, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со модулот за Power BI.