Q&A со Марјан Шуплиноски, инструктор на курсот за програмирање со PHP
- април 18, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Инструктори
Сакаш да започнеш кариера како програмер или да ја промениш својата постоечка кариера?
PHP – еден од најкористените јазици за градење на веб страни и веб апликации е одлична влезна врата во светот на програмирањето!
Со помош на искусен инструктор, во SMX организираме курс за програмирање со PHP каде преку реални примери, насоки и проекти ќе го совладаш еден од најупотребуваните програмски јазици на денешницата.
Денес, инструкоторoт Марјан ќе те воведе во програмата на курсот и ти даде одговори на сите најчесто поставувани прашања.
1. Кое е твоето практично искуство со PHP?
Моето професионално искуство со PHP започна во 2014, со изработување на мали проекти а со тек на годините имав можност да работам на поголеми проекти со што ми се зголеми работното искуство работејќи на разни проекти, при што секој проект е различен. Од многубројните проекти би ги издвоил изработувањето на решенија за наши домашни компании како Telekom и VIP со доста комплексни кодови и сајтови, а еден од моите омилени проекти е изработката на огласник за работа изработен во Laravel.
2. Зошто соработка со SMX како инструктор?
Соработката со SMX како инструктор за мене е предизвик бидејќи сакам да го споделам моето знаење за основите на PHP без разлика дали имаат или немаат претходно знаење од областа на програмирањето. Сметам дека академијата SMX е одлична можност за секој кој сака да го изучува PHP и нешто што може да му донесе на секој поединечно подобрување на своите вештини и изучување на нови. Исто така сакам да внесам иновативност преку изработување на реални проекти.
3. Што ќе се учи на курсот за PHP? Што учесниците можат да очекуваат од истиот?
На курсот ќе се изучува вовед и основни поими за PHP кои се важни за програмирањето со PHP. На првиот час се запознаваме и продолжуваме во текот на курсот со креирањето на Сервер, инсталирање на Visual Studio Code, па решавање на основни функции се до последниот час изработка на самостоен проект. Исто така ќе има теорија и што повеќе практична работа.
Учесниците на курсот можат да очекуваат дека ќе се запознаат со основите на еден од најупотребуваните програмски јазици и ќе добијат основно познавање за PHP преку теорија и решавање на задачи.
4. Како ќе се одвива наставата и колку време ќе трае?
Наставата ќе биде и онлајн преку Zoom и преку пишување во Slack, кадешто целта е доколку не стигнеме на часот да се објасниме ќе користиме Slack комуникација за дообјаснување на наредниот час. Времетраењето на курсот е 8 предавања, два пати неделно по 2 саати.
5. Наведи ни 3 причини зошто некој треба да биде дел од овој курс?
- Читање и пишување на PHP
- Како да планирате и поставувате работна околина за PHP
- Креирање на сопствени функции и искористување на постоечките
6. Твоја препорака до сите идни учесници?
Моја препорака е да се учи што повеќе од различни ресурси за совладување на материјалот и подобрување на своите вештини преку online задачи.
Се додека имаме силна мотивација сме вредни и упорни загарантиран е успехот и не постои нешто што не можеме да го направиме.