Реални проекти на Bootcamp за Човечки ресурси за Premium Service Inc.
- март 22, 2024
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: Bootcamp за Човечки ресурси Бизнис
Направи чекор напред во твојата кариера со нашата 3 месечна обука за човечки ресурси
Човечките ресурси (HR) се клучен сегмент во секоја организација, обединувајќи ги луѓето и бизнис стратегиите за да се обезбеди успех и раст. Во суштина, HR се занимава со сè што е поврзано со управувањето со вработените, од нивното регрутирање и обука, до развој и задржување.
Ефективното управување со човечки ресурси може значително да придонесе кон успехот на бизнисот преку подобрување на задоволството и ангажираноста на вработените, како и преку обезбедување дека компанијата е правно заштитена во сите аспекти на управувањето со персоналот.
Во склоп на нашата 3-месечна програма за HR, ние го обработуваме трите најклучни сегменти во менаџментот на човечките ресурси, а тоа е стратегиски HR, правниот HR и ефективната комуникација во HR. Прочитај повеќе за модулите од програмата.
Во модулот за стратешки HR, ќе научиш како стратегискиот HR менаџмент е интегрален дел од целосната бизнис стратегија. Ќе научи како да ги анализираш и разбереш компаниските цели и како да ги претворите овие цели во конкретни HR иницијативи кои директно придонесуваат кон постигнувањето на овие цели.
Правниот аспект на HR е критичен за секоја организација за да се осигура дека операциите се во согласност со националните и меѓународните закони и регулативи. Оваа компонента ќе те подготви со знаења за трудовото право, вклучително и заштита на работниците, равноправност, дискриминација, безбедност и здравје на работното место.
Комуникацијата е клучот за успехот во сите аспекти на HR. Во оваа област, ќе развиеш вештини за ефективна комуникација кои се клучни за управување со разноликоста, решавање на конфликти и изградба на корпоративна култура која ги поттикнува вработените да дадат свое најдобро.
Партнер компанија за овој буктамп – Premium Service Inc.
Соработката помеѓу компанијата Premium Service Inc. и SMX Academy за овој буткамп овозможува на студентите да работат на реални проекти во текот на 1 месец како дел од програмата. Студентите ќе имаат можност да се вклучат во различни проекти во компанијата, вклучувајќи ги области како регрутирање и селекција, обука и развој, креирање на полиси итн. Ова е одлична можност за студентите да ги применат своите знаења и да стекнат практично искуство во работата со човечките ресурси.
Преку директна комуникација со членовите на тимот од компанијата, студентите на буткампот ќе имаат можност да се запознаат подетално со целокупниот процес.
Какви проекти ќе се изработуваат?
Во координација со Premium Service Inc. , ќе се одредат темите на проектите што ќе бидат сработени од студентите. Ова би вклучувало:
- Изработка на описи на работни места и пораки за вработување
- Поставување SMART цели
- Креирање HR политики и полиси
- Поставување HR метрики и аналитика
- Изготвување правилници за работа
Добиените материјали од партнер компанијата ќе бидат распоредени од инструкторите до учесниците, кои во текот на едно-месечниот практичен дел од буткампот ќе се изработат според барањата и дадениот рок.
Со секоја дадена задача ќе има дополнителни информации за како треба да изгледа крајниот резултат, кои елементи да ги содржи и други барања од компанијата.
Кои се придобивките од реалните проекти?
Преку овој начин на работа, ќе имаш можност да се запознаеш како изгледа процесот на менаџирање на човечките ресурси во една компанија. Ќе научиш како со комуницира со компанија клиент, доколку ова се работи на фриленс основа, но ќе се запознаеш и со HR процесите во една компанија.
Ова е најдобар начин да добиеш искуство блиску до пракса во компанија, преку кое ќе ги подобриш твоите организациски и комуникациски вештини. Секој проект ќе има даден рок и барања кои треба да се исполнат, со што ќе имаш одговорност за комплетирање на задачите.
Дознај повеќе за 3-месечниот Bootcamp за човечки ресурси, пријави се и нашиот тим ќе сподели повеќе информации за програмата и реалните проекти.