Што е Salesforce и зошто да работиш како Salesforce Administrator во 2024?
- март 20, 2024
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Salesforce
- Data analyst
- Business analyst
- Data entry
- Assistant project manager
- Customer relations manager
Продолжи да читаш доколу бараш начин како да ја надоградиш својата кариера…
Што е Salesforce?
Општо познато е дека се што е добро и е во тренд, во светски рамки, се распространува насекаде за само неколку секунди. Можеби веќе си забележал/а се почеста побарувачка за Salesforce Administrator на сајтовите за вработување или пак огласите за работа на LinkedIn.
Salesforce е (Customer Relationship Management) софтвер кој им помага на компаниите со подобрување на услугите на клиентите, маркетинг автоматизација и водење аналитика.
Што е Salesforce Administrator?
Самиот збор Salesforce го содржи терминот продажба, но кога зборуваме за Saleforce Administrator не се мисли на лице кое е задолжено за продажба, туку за лице кое ќе менаџира со софтверот Salesforce за една компанија, т.е ќе ги менаџира податоците на клиентите со помош на овој софтвер. Исто така, секој Salesforce Administrator ги менаџира пристапите до податоците и овластувањата на самите агенти за продажба кои ја користат Salesforce платформата.
Зошто се применува Salesforce?
Сигурно се прашувате зошто било која компанија би го користела овој софтвер за менаџирање на нивните клиенти? Помеѓу познатите компании кои користат Salesforce се: Coca-Cola, Amazon, Spotify, Toyota, T-Mobile, итн.
Софтверот овозможува целосна автоматизација на работата, со што им овозможува непречно искуство на корисниците, и истовремено непречена работа на вработените позадински во склоп на една CRM платформа.
Зошто да работиш како Salesforce Administrator во 2024
Платформата Saleforce во моментов доминира на светскиот пазар, со повеќе од 150 000 компании кои ја применуваат вклучувајќи ги Google и Facebook. Истовремено, се повеќе мали бизниси се приклучуваат на овој софтвер за менаџирање со своите клиенти. Оттука, побарувачката за оваа работна позиција се зголемува од ден во ден, а токму SMX ти овозможува да учиш од инструктор со долгогодишно искуство како Salesforce admin на Salesforce Administrator Bootcamp.
Уписите за овој буткамп се во тек – Плати ја првата рата до 15ти Април и добиј 20% ПОПУСТ!