Student Experience -Даринка Михајловска – Внатрешен Дизајн
- мај 19, 2025
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: AutoCAD и 3ds Max Bootcamp Student Experience

Во светот на внатрешниот дизајн, талентот е само почетна точка. Она што прави разлика е подготвеноста за учење, истрајноста и желбата за постојано надградување. Bootcamp-от за Внатрешен дизајн со AutoCAD и 3ds Max на SMX е токму такво искуство – структурирана програма која им помага на учесниците да го откријат својот стил, да стекнат практични вештини и да направат следен чекор во кариерата. Ова е приказна на Даринка – учесничка која веќе имала основа, но тргна по својот нов пат со уште поголема посветеност и љубопитност.
- Кратко запознај не со тебе. Дали претходно си имала интерес или искуство со внатрешен дизајн?
Здраво! Да, имав интерес уште од порано – студирав Дизајн и технологии на мебел и ентериер.
2. Што те мотивираше да се запишеш на Bootcamp-от за Внатрешен дизајн?
Сакам постојано да вложувам во себе и секој ден да станувам подобра верзија од себе. Затоа решив да го надградам своето знаење и да бидам уште подобар дизајнер.
3. Како дозна за SMX и зошто се реши токму за овој Bootcamp?
За SMX дознав преку интернет – често ми излегуваа спонзорирани објави на Instagram и Facebook. Ги зачував постовите и подоцна, кога почувствував дека е вистински момент за следен чекор, се пријавив. Тоа што програмата беше практична и добро структурирана ми помогна полесно да се одлучам.
4. Кој дел од програмата ти беше најинтересен (на пр., распоред на простории, боја и текстура, софтвери)? Зошто?
Најинтересно ми беше кога почнавме да цртаме целосни простории со покомплексни детали. Тогаш сфатив колку е важно секој елемент да има функција, а целиот ентериер да раскажува приказна и да пружа вистинско чувство на простор.
5. Кој ти беше најголемиот предизвик за време на Bootcamp-от и како го надмина?
Најголем предизвик ми беше завршниот проект. Го надминав со упорност и постојано додавање детали, сè додека ентериерот не изгледаше комплетно и професионално.
6. Како планираш да го искористиш знаењето од Bootcamp-от во иднина – дали за лични проекти, фриленс, или нова кариера?
Планирам знаењето да го искористам во идната кариера на истото поле, а еден ден би сакала да отворам сопствено студио.
7. Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Bootcamp-от за Внатрешен дизајн?
Сè што можеш да направиш денес – не го оставај за утре! Почнете со SMX, затоа што ќе стекнете големо практично знаење и вистинска мотивација.
Овој Bootcamp не е само обука, туку почетна точка за сите што сакаат да се изразат преку простор, функционалност и креативност.
Ако и ти го гледаш дизајнот како твоја иднина, SMX е тука да ти помогне да го направиш првиот чекор – со поддршка, ментори и вистински проекти што прават разлика.
📐 Запознај се подобро со Bootcamp-от за Внатрешен дизајн на следниот линк:
👉 https://smx.mk/live/bootcamp-za-vnatresen-dizajn/