Student Experience – Елеонора Беќаровска – учесник на Product & Project Management Bootcamp
- мај 28, 2025
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: Product & Project Management Product & Project Management Bootcamp Student Experience

Да се работи со проекти и продукти во техничка област е едно, но да се следи ритамот на денешната дигитална индустрија е нешто сосема друго. Елеонора веќе го имаше првото, а со Bootcamp-от го доби и второто: структуриран пристап, нови методи и алатки што ја надградија нејзината работа. Денес кога сè се менува со огромна брзина, сè почесто се бараат професионалци кои не само што имаат искуство, туку и способност да се адаптираат, учат и применуваат современи пристапи – без разлика од која област доаѓаат.
- Кратко запознај не со тебе. Дали претходно си имала интерес или искуство со менаџирање на проекти,продукти или ова ти беше прво запознавање со темата?
Имам долгогодишно искуство во водење на проекти во областа на електротехниката. Исто и со продукти, но од поинаква гледна точка. - Што те мотивираше да се запишеш токму на Bootcamp-от за Product & Project Management? Имаше ли некоја конкретна цел или ситуација што те поттикна?
Имам страст кон учење на нови работи, особено кога станува збор за нови технологии, нови начини на решавање на нештата, нови перспективи. Работам долго време на проекти и дизајни и би сакала да им дадам современа нота на активностите околу нив. Сакам да ги следам новите технологии и пристапи и да држам чекор со нив – особено сега, кога развојот се одвива со молскавична брзина. Во секој случај, учењето на нови алатки, методи, принципи и погледи на добар начин ги менува работите.
- Како дозна за SMX и зошто се реши токму за овој Bootcamp?
Од социјалните медиуми. Ова ми е четврта обука по ред од SMX. Почнав со Content Writer, Copywriter, WordPress и Bootcamp-от за Product & Project Management.
Претходно гледав обуки за Product & Project Management, но или беа предолги или со термини што не ми одговараа. Баш овој Bootcamp совршено се вклопи во мојот распоред.
- Кој дел од програмата ти беше најинтересен – учењето за SCRUM, тимските улоги или начинот на планирање проекти?
Најинтересен дел од програмата ми беше практичниот сегмент. Бевме поделени во два тима кои требаше да организираат online retreat за 300 луѓе од целиот свет, кои работат во една ИТ компанија. Тоа ни овозможи да примениме различни методи и пристапи од програмата во симулација на реална ситуација – од планирање и улоги во тимот, до комуникација и координација.
- Кој ти беше најголемиот предизвик за време на Bootcamp-от и како го надмина?
Најголемиот предизвик за мене беше адаптацијата на поимите „проект“ и „продукт“ во контекст на ИТ компаниите. Многу се разликува од „традиционалната“ терминологија. Од поим за проект како нешто што постои физички и што има редослед на процесот на создавање (каде една активност не може да почне додека не заврши претходната), до поим каде повеќе активности истовремено се одвиваат со цел проектот да се реализира. И да наведам – поимот продукт после обуката има сосема нова димензија: тоа е сè што може да се користи, да се купи и да се продаде.
- Како планираш да го искористиш знаењето од Bootcamp-от во иднина – дали за лични проекти, фриленс, или нова кариера?
Знаењето стекнато на Bootcamp-от е применливо во сите области. Во овој момент не можам да дадам прецизен одговор, но сигурна сум дека ќе го искористам кога ќе се појави вистинската можност.
- Што би им порачала на сите што размислуваат да се запишат на Bootcamp-от за Product & Project Management?
Без двоумење – да се запишат на Bootcamp-от за Product & Project Management. Одличните предавачи ни го пренесоа своето знаење, теоретски и практично, на начин прифатлив за сите студенти. За сите наши предизвици околу совладување на материјалот, во секое време ни помагаа успешно да ги надминеме. Искрено, искуството со SMX не ми беше прво – претходно ги посетив и обуките за Content Writing, Copywriting и WordPress. Сите ми оставија позитивен впечаток и денес сè почесто се навраќам на знаењата што ги стекнав таму – ми користат во работа, но и во поширок контекст.
Нема ништо повредно од одлуката да вложиш во себе. Без разлика дали бараш нова насока, промена на улога или едноставно сакаш подобро да го разбереш она што веќе го работиш – ова е програма што го следи твоето темпо, но нуди структуриран и фокусиран напредок. Во само неколку месеци ќе стекнеш вештини што ќе ги користиш долгорочно, во секојдневната работа, во тимот и во идните кариерни чекори.
Product & Project Bootcamp-от им нуди на учесниците јасна рамка, поддршка и самодоверба да продолжат понатаму со цврсти, практични вештини и визија за следниот чекор.
🚀 Промената започнува кога ќе инвестираш во себе. Стартуваме во октомври – информирај се овде: smx.mk