Student Experience – Тина Младенова – учесник на Product & Project Management Bootcamp
- мај 27, 2025
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: Product & Project Management Product & Project Management Bootcamp Student Experience

Како изгледа кога некој сака да го надгради она што веќе го знае? Кога реалното искуство бара подлабока структура и применливи алатки?
Во светот на современи дигитални продукти, улогата на менаџерот за продукти и проекти станува клучна за успехот на секој тим. За Тина, ова не беше непозната територија – туку можност да го продлабочи знаењето и да ја зацврсти својата улога како професионалец. Таа ја започна академијата на SMX со јасна цел: да ја надгради практиката што веќе ја користи и да стекне структура што ќе ја води понатаму.
Ова е нејзината приказна за раст, фокус и самодоверба во кариерен контекст.
- Кратко запознај не со тебе. Дали претходно си имала интерес или искуство со менаџирање на проекти,продукти или ова ти беше прво запознавање со темата? Јас сум Тина (29) од Скопје и моментално работам како Product Specialist. Областа ми е добро позната, но на Bootcamp-от се запишав за да го продлабочам моето знаење.
- Што те мотивираше да се запишеш токму на Bootcamp-от за Product & Project Management? Имаше ли некоја конкретна цел или ситуација што те поттикна?
Во областа на продукт влегов како Product Marketing Specialist, и откако се појави можност да преминам во продукт тимот како Product Specialist, почнав да истражувам каде можам да стекнам и иницијално формално образование. Академијата и програмата ми се видоа како супер почеток. Во секој случај, ова е само прв чекор, затоа што во иднина би сакала да се здобијам со сертификат за Scrum Master или Product Manager. - Како дозна за SMX и зошто се реши токму за овој Bootcamp?
За SMX дознав од Instagram – ми се појави реклама. Ми се допадна тоа што програмата опфаќа повеќе елементи, почнувајќи од менаџирање на проекти до Product Development, а и сè беше јасно објаснето уште од самиот почеток. - Кој дел од програмата ти беше најинтересен – учењето за SCRUM, тимските улоги или начинот на планирање проекти?
Искрено – сите. Веќе две години работам во областа и тоа ми е всушност секојдневие. Но, ако морам да изберам, би рекла Product Development. - Кој ти беше најголемиот предизвик за време на Bootcamp-от и како го надмина? Би рекла дека единствениот предизвик ми беше времетраењето. Станува збор за Bootcamp од 4 месеци, со часови двапати неделно во траење од 2 часа, па потребно е добро менаџирање на времето.
- Како планираш да го искористиш знаењето од Bootcamp-от во иднина – дали за лични проекти, фриленс, или нова кариера?
Со личен проект започнавме уште на самиот Bootcamp – со поддршката и експертизата на Дарко успеавме да завршиме еден од најважните елементи на мојот продукт. Фриленс е секогаш опција, па оставам да видам каде ќе ме однесе патот.
- Што би им порачала на сите што размислуваат да се запишат на Bootcamp-от за Product & Project Management?
На сите што размислуваат за програмата би им препорачала да дојдат со отворен ум. Особено на почетокот, може да изгледа конфузно, тешко и непознато – но тоа е убавината на сè ново што учиме. Првиот проект не мора, и скоро никогаш не е совршен – затоа учиме и се подобруваме со секој нареден.
Тина е доказ дека надградбата не мора да почне од нула – туку од желба нешто добро да стане уште подобро. Преку програмата на SMX успеа да го структуира своето знаење, да работи на реален проект и да постави нови кариерни цели. Ако и ти си во слична фаза – со искуство, но без јасна методологија – ова може да биде твојот следен чекор.
👉 Дознај повеќе за Bootcamp-от за Product & Project Management: smx.mk/live/product-project-bootcamp