Student Experience – Томислав Наумовски – учесник на Bootcamp за Внатрешен дизајн
- мај 23, 2025
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: AutoCAD и 3ds Max Bootcamp Student Experience

Инспирацијата понекогаш живее со години пред да добие форма. За Томислав, ентериерот отсекогаш бил извор на идеи, но без конкретна алатка тие идеи останувале само замисли. Преку Bootcamp-от за Внатрешен дизајн на SMX, тој доби можност да ги визуелизира и обликува. Тоа беше момент кога креативноста почна да добива реална насока.
- Кратко запознај не со тебе. Дали претходно си имал интерес или искуство со внатрешен дизајн?
Јас сум Томислав и отсекогаш сум имал интерес кон внатрешниот дизајн. Иако немам практично искуство со уредување на ентериери и користење на платформи како 3ds Max, желбата за учење беше присутна.
- Што те мотивираше да се запишеш на Bootcamp-от за Внатрешен дизајн?
Интересот ми е одамна присутен. Идејата за визуелниот изглед на една просторија и замислата како би изгледала со поинаква светлина, детали, материјали и бои на парчињата мебел може да се преточат во дигитална форма со реален приказ. - Како дозна за SMX и зошто се реши токму за овој Bootcamp?За SMX дознав од Instagram, а се решив за овој Bootcamp затоа што веднаш ми делуваше практично, динамично и инспиративно.
- Кој дел од програмата ти беше најинтересен (на пр., распоред на простории, боја и текстура, софтвери)? Зошто?
Најинтересен ми беше делот со боја, изборот на материјали и текстура, како и интензитетот на светлината, нијансите на материјали кои целосно ја менуваат атмосферата во просторот! - Кој ти беше најголемиот предизвик за време на Bootcamp-от и како го надмина?
Најголем предизвик ми беше изработката на финалниот проект, преточен во фотореалистичен рендер со многу детали и користење на учените алатки. Иако самиот софтвер е обемен и богат со алатки и опции, го надминав со постојано следење на предавачот и применување на неговите совети во пракса. Многу помогна и неговото несебично споделување на искуство и знаење. - Како планираш да го искористиш знаењето од Bootcamp-от во иднина – дали за лични проекти, фриленс, или нова кариера?
Знаењето од Bootcamp-от планирам да го искористам за лични проекти и како можност за фриленс, особено во изработка на фотореалистични рендери. Благодарение на обуката, сега можам визуелно да прикажам идеи со внимание на детали, осветлување и текстура, со изглед што наликува на реален простор. - Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Bootcamp-от за Внатрешен дизајн?
Овој Bootcamp ќе Ви помогне да ги реализирате сите Ваши замислени идеи во внатрешен дизајн. Обуката е одлично организирана, а предавачот е професионалец кој секогаш е тука, целосно посветен и со огромно трпение за да Ве научи. За почетници кои имаат идеи, курсот е совршена можност да ја научат основата на внатрешниот дизајн и да започнат да работат на реални проекти. Со стекнатото знаење, ова може да стане ваша професија. Дополнително, преку дигитални платформи како Upwork, Freelancer и сл., имате шанса да изградите светска кариера како фриленс дизајнери и да работите со клиенти од целиот свет.Ова е голема шанса да се истакнете во индустријата и да изградите кариера со светски потенцијал!
Ова искуство е вистински пример дека дизајнот не е резервиран само за оние со диплома или долгогодишно искуство. Ако и ти гледаш потенцијал во секој празен ѕид, парче мебел или игра на светлина, време е да го направиш првиот чекор. Bootcamp-от за Внатрешен дизајн ќе ти помогне да ги претвориш идеите во визуелно прецизни и реални проекти. Без разлика дали се насочуваш кон нова кариера или сакаш личен напредок, ова може да биде твојата стартна точка.
👉 Дознај повеќе: https://smx.mk/live/bootcamp-za-vnatresen-dizajn/