Упатство и инструкции за добивање ваучер

Во модерното општество дигиталните вештини се високо ценети, а во блиска идина ќе бидат неопходни за опстанок. Дигиталната ера се проширува низ сите сфери во нашите животи, и повеќе не е само за оние кои работат во IT секторот. Новонастаната ситуација во светот диктира дека дигитални вештини треба да почнат да се учат како основен предмет на исто рамниште со литература и математика. 

Сега е вистинскиот момент да се “дигитализирате“, да научите вештини кои се се повеќе барани на пазарот и да влезете спремни во новата ера која ќе нуди голем број нови кариерни можности. 

Како да добиете ваучер за обуки за дигитални вештини?

Министерството за образование и наука нуди бесплатни ваучери за дигитални вештини за млади лица од 18 до 29 години. Висината на средствата кои ги исплаќа се 50% од вкупниот износ на обуката додека останатите 50% ги доплаќате вие. Според одредбата највискиот износ кој може да го исплати Министерството за образование и наука е 30.000 денари. 

Трите основни услови кои треба да ги исполнувате се:  

  • Да сте на возраст од 18 до 29 години.
  • Да имате завршено најмалку средно образование.
  • Да сте државјанин на Република Северна Македонија.

 

Повеќе информации и форма за апликација можете да погледнете овде.

Зошто да го искористите ваучерот за една од обуките во Source MX Academy?

  • Source MX Academy веќе 3 години успешно организира курсеви од областа на програмирање, маркетинг, дизајн и бизнис. По завршувањето на нашите обуки, многу учесници имаат добиено комплетно знаење за сами да го дигитализираат својот постоечки бизнис,  многумина од нашите учесници ја имаат променето комплетно својата кариера, а многу од нив имаат започнато и свој сопствен бизнис откако научија како своите таленти да ги донесат пред потенцијалот на огромната онлајн публика. 
  • Имаме партнерски соработки со голем број IT компании во кои нашите учесници имаат можност веднаш да се вработат или да продолжат да учат преку практиканство со цел да го надоградат своето знаење.
  • Обуките ги одржуваат внимателно одбрани, квалитетни инструктори со долгогодишно искуство и големо знаење во областа во која менторираат.
  • Ги нудиме едни од најбараните курсеви преку кои можете да се стекнете со сите потребни знаења за да изградите успешна дигитална кариера.

Кои обуки ви ги нудиме

SourceMX Academy има 6 курсеви за кои може да добиете ваучер:

Изгради веб продавница во WordPress

WordPress курс

Курс за AutoCAD

Академија за Facebook Marketing

Основи на програмирањето со Python

Python Advanced Курс

Чекори за аплицирање

Доколку имате акаунт на УЈП, ви предлагаме да се најавите со корисничкото име кое го имате регистрирано на официјалната страна на УЈП.

Ако немате профил на УЈП а сакате да регистрирате, тоа можете да го направите на овој линк.

Во случај ако не се најавите преку страната на УЈП, тогаш можете да се најавите и да креирате профил директно на uslugi.gov.mk. Меѓутоа, во овој случај ќе треба како доказ да доставите плус документ *Доказ за спреченост за регистрација во УЈП (решение за самоизолација, медицинска потврда за попреченост)

Со кликање на овој линк, ако имате веќе кориснички профил на УЈП можете да продолжите со апликација и да го отворите линкот за аплицирање.

Откако ќе го отворите линкот потребно е да ги внесете Вашите основни податоци и да изберете еден од нашите курсеви (внимавајте треба точното име), ја избирате нашата компанија Локалис Трејд ДООЕЛ.

Откако ќе ги внесете овие податоци, потребно е да скенирате или сликате диплома од средно образование или од факултет, да скенирате или сликате лична карта или пасош и да ги прикачите овие документи кон Вашата апликација.

Откако ќе ги прикачите сите потребни документи кликате на копчето Поднеси документи и Вашата апликација е завршена.

Се што останува на Вас е да чекате Вашата апликација да биде одобрена.

 

Важно!!!

  • Откако Вашиот ваучер ќе биде одобрен, Вие треба да покриете само 50% од вкупниот износ на курсот. На пример ако вкупната вредност на курсот е 4000 денари, вие ќе треба да доплатите 2000 денари. 
  • Едно лице може да добие еден ваучер и може да го искористи лицето на чие име гласи ваучерот.
  • Рокот за аплицирање трае 15 дена од објавување на повикот, односно до 1-ви август.
  • Ваучерот може да се искористи во период од 15-ти август до 15 декември 2020.

 

Барањето за издавање на ваучер за обуки за дигитални вештини се поднесува преку Националниот портал за електронски услуги.

Контакт

Доколку имате повеќе прашања, пополнете ја кратката форма и нашиот тим ќе ве контактира во најкраток можен рок.