Бесплатен вебинар за Python

Градење веб апликации со Python - најпопуларниот програмски јазик за 2023

Добиј снимка

Времетраење: 90 минути

Бесплатно

Ниво: Почетник

Онлајн (Zoom)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро и ќе ја испрати снимката од вебинарот.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Што е Python

Python е програмски јазик кој е лесен за учење и има широк спектар на добро платени работни места во многу области. Во текот на последните неколку години, Python стана еден од најпопуларните програмски јазици. Побарувачката за Python програмери на пазарот на трудот се зголемува и затоа веруваме дека е вештина што може да ви помогне да влезете во некои од највозбудливите и најатрактивни индустрии, како што се наука за податоци, веб апликации, автоматизација и други. 

Зошто да учите и работите со Python

Python е многу соодветен за почетници

Python како програмски јазик е одличен начин да започнете ако сте нови во светот на програмирањето. Самата синтакса (изглед на кодот) е дизајнирана да изгледа концизно и лесно за читање, што го прави многу попристапен за почетници. Дополнително, Python е интерпретиран програмски јазик, што значи може да се провери секоја линија код штом се напише, со цел да се намалат грешките.

Python е најбрзо-растечкиот програмски јазик

Според индексот за најпопуларен програмски јазик (PYPL), Python е најупотребуваниот програмски јазик денес, а со оглед на трендот, потребата од овој јазик само ќе продолжи да расте. Тоа се должи на разновидноста како и употребливоста во многу сфери и индустрии како Data Science, Machine Learning и Data Modeling.

Позициите за Python Developer се многу барани и високо платени

Денес Python го користат некои од најголемите компании на светот како што се: Google, Facebook, Reddit, Dropbox, YouTube, Instagram, Pinterest. Google дури има и сопствен Python прирачник. Python програмери со искуство се доста високи и привлечни, но исто така според StackOverflow Python програмерите може да заработуваат повеќе од другите програмски јазици со помалце искуство.

ГОВОРНИК НА ВЕБИНАРОТ

Ненад е програмер со долгогодишно искуство. Има огромно познавање од Python и Javascript, најмодерните технологии за Web Development како Django, Flask, React, Cloud платформи како AWS и Google Cloud Platform, SQL i No-SQL бази на податоци. За себе вели дека е амбициозен, авантурист, зависник од адреналин и доживотен ученик.

Ненад Ристов

Python Developer & Data Engineer

Ненад ќе се погрижи да го совладате програмскиот јазик Python од самиот старт, па се до самостојно работење и извршување комплексни задачи. 

ЗА НАС

Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.

Што имаме постигнато

години постоење
0
курсеви организирано
0 +
учесници
0 +
инструктори во тимот
0

Што велат нашите учесници

SMX организира три-месечна академија за програмирање со Python & Django

Ние ќе ти помогнеме преку нашата повеќемесечна програма за совладување на целиот материјал потребен да се стекнеш со знаење од најбараниот програмски јазик денес Python и еден од најпрактичните frameworks Django

Зошто академија за Python & Django во SMX?

Искуството што го стекнавме со организирање на над 220 курсеви и обуки, со над 2200 учесници, ни овозможи да знаеме што е најважно кога организираме програми и што точно бараат учесниците.

Нашиот тим подолго време е во процесот на подготвување на најпрвин кратки курсеви во областа на продажба и бизнис алатки. Сега преминавме кон изготвување комплетно решение за сите кои сакаат да направат сериозна надградба на нивната кариера.

Ѓорги

Координатор на програмата

Преку нашата академија за Python & Django, ќе имаш можност да работиш со инструктор кои е максимално посветен да се постигне и разбере материјалот. Нашите учесници на крајот од програмата ќе ја стекнат потребната самодоверба и знаење за да можат подлабоко да навлезат во светот на програмирањето.

Програмата што ја нудиме е интензивна, и соодветна да ти помогне да се стекнеш со сите потребни вештини на еден Python developer.

Што ќе научиш во академијата

Основи и напредни техники на програмирање со Python

Манипулирање со податоци и оперативни системи

Како се користи Python за развивање на веб-страни и апликации

Како се користи Python со Django за развивање на веб-страни и апликации