Ние сме SMX

Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.

На денешниот високо конкурентен пазар на труд, ќе треба да се разликувате за да излезете пред конкуренцијата и да добиете работа од соништата. Затоа, нашите амбиции се да им помогнеме на сите оние кои сакаат да се надоградуваат на професионален план, со цел да се вработат во некоја од најдобрите компании, да развијат свој сопствен бизнис или да започнат кариера како “freelancer”.

За кого постоиме?

За сите кои сакаат да се стекнат со вештини и знаења во областа на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата

За сите кои сакаат да напредуваат во својата професионална кариера

За сите кои сакаат да се поврзат со луѓе со иста професија

Која е нашата цел?

Наша една и единствена цел е да се здобиеш со потребните вештини кои ќе ти овозможат да се вработиш во најдобрите компании во Македонија, да развиеш сопствен бизнис или да се воспоставиш како самостоен “freelancer“.