Q&A со Сања Петрушевска, инструкторка на курсот за UX/UI дизајн
- март 30, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Инструктори
Зошто да учиш UX/UI?
Секојдневно уживаме во напредното корисничко искуство на бројни социјални мрежи, како Инстагарам, Тикток итн. Но дали се прашуваш од каде идејата тие апликации да бидат целосно прилагодени на корисниците поради што ги користат милиони луѓе ширум светот?
Што е UX, а што е UI дизајн?
Два термини кои често ги среќаваме заедно, а всушност значат две различни работи. Која е разликата?
UX се однесува на „дизајнот наменет за корисничкото искуство“, со што дизајнерот осмислува целосен дизајн за продукт во кој ќе ги вклучи сите решенија за потенцијални проблематки со кои корисникот би се соочил при употреба на производот со една цел: совршен производ а со тоа ефективна употреба на истиот.
UI го претставува „дизајнот на кориснички интерфејс“ – или визуелниот дел на производот, со што дизајнерот тука осмислува комбинација од фонтови, бои, анимации и фотографии со цел повторно да креира совршен производ, но овој пат само од естетски аспект (интерфејс).
Во SMX до сега организиравме неколку термини од курсот за UX/UI каде секој учесник имаше можност да учи од инструкторка со долгогодишно искуство, како се дизајнира интерфејс за веб-страна и мобилна апликација.
Денес во овој блог пост, заедно со инструкторката Сања Петрушевска ќе се обидеме да ве запознаеме подобро со тоа кој стои позади овој курс, што ќе се учи, што можете да очекувате од курсот, и за кого е наменет…
1. Кое е твоето практично искуство со UX/UI?
(Наведи ни омилен прокет до сега на кој имаш работено)?
Зад мене имам многу часови работно искуство на разни проекти. Од прехрамбена индустрија,мода,па се до градежна индустрија. Секој проект е различен за себе. Еден од моите омилени,е токму мојот прв проект за странски пазар, кој обезбедува дигитални решенија за градежна индустрија. Се работи за Шведска компанија,која се залага за сертифицирање на нови градби како би се подобрил начинот на живот и придонесување на еко-свест. Преку системот, се намалува процесот на документација за утврдување на еколошките перформанси на зградата кои се оценуваат од разни области. На пример, употребата на енергија на зградата, внатрешната клима, управувањето со водите и управувањето со отпадот се оценуваат и се бодуваат.
2. Зошто некој треба да учи курс за UX/UI во 2023 година?
UX/UI Design не е работна позиција каде вие учите само дизајн за интерфејс и корисничко искуство. Тука, зависно од клиентите се среќавате секојдневно со нови бизнис идеи, нови индустрии и нови барања за кои вие да можете да направите едно решение ке треба да ја разберете целосно таа тематика. Па затоа,учите секојдневно нови нешта и го проширувате вашето знаење и искуство на разни теми заради кои никогаш работата нема да ви биде здодевна.
3. Што ќе се учи на курсот? Дали учесниците ќе имаат можност теоријата и практично да ја применат за време на курсот?
До сега зад мене имам долг образовен пат,и имам видено разни методи на учење и предавање. Мојот начин е што помалку теорија а што повеќе практична работа. Ке се запознаеме со доста основни поими кои се важни за разбирање на оваа професија,но фокусот е ставен на практично знаење.
4. За кого е наменет овој курс?
Овој курс е наменет за секој креативец кој е амбициозен и има желба за напредок. Не е потребно никакво предзнаење, се што е потребно е ваша упорност за брзо совладување на материјалот како и вложување време во разни проекти како на курсот така и отпосле.
5. Твоја препорака до идните учесници на овој курс..што да очекуваат?
Секој успех бара свое вложено време,труд, желба и интерес. Колку ке се вложиш, ке добиеш толку или многу повеќе, но неможеш да изгубиш. Вложете во вашето знаење денес, за да имате резултат утре.
Уписите на курсот за UX/UI се во тек. Аплицирај тука.