Ако сакате да креирате ефикасна landing page која конвертира наблудувач во потенцијален корисник, тогаш треба да обрнете внимание на дизајнот и содржината што ја користите за да ја креирате вашата страница.

Од друга страна, креирањето на landing page-от без да се земат во предвид одредени карактеристики, всушност може да и наштети на успехот на вашата страница, правејќи да изгубите посетители и клиенти.

Ајде да видиме кои се карактеристиките што не можат да изостанат од ефективната landing page.

1. Фасцинантен и ефективен наслов

Како прво, вашата landing page мора да има јасно видлив наслов, со директна и примамлива порака. Ова ќе биде првиот елемент што ќе го привлече вниманието на читателот. Затоа треба да бидете сигурни дека е во можност веднаш да потенцира што нуди, и кои придобивки може да ги придонесе.

2. Текст за продажба

Под насловот, ќе треба да вклучите истражуван и насочен текст за продажба. Не треба да биде предолго, но да може ефективно да ги пренесе на читателот:

  • придобивките од вашиот производ или услуги;
  • главните карактеристики и функционалност на она што го нудите;
  • како производите или услугите што ги нудите ќе помогнат во  справување со нивните проблеми;
  • како вашата понуда се разликува од понудата на вашите конкуренти.

Овие се всушност теми кои веднаш го привлекуваат вниманието на корисниците.

3. Call to action

Ако сакате да создадете ефективна landing page, неопходно е да вметнете “call to action”. Исклучително ефикасна алатка за зголемување на вашите конверзии.

Поканете ги вашите корисници да дејствуваат, односно да се претплатат на вашиот news letter или да купат ваш производ, користејќи фрази како „Превземи сега бесплатно“ или „Започнете бесплатен пробен период денес“.

4. Една дестинација

Суштинска карактеристика на ефективната landing page е што сите тие водат кон една страница, т.е. осигурете се дека сите Call To Action, линкови и форми на страницата водат кон исти URL.

Со вметнување различни landing pages, ризикувате да ја разредете ефективноста на содржината и да му го одземете вниманието на корисниците од главната цел.

Пазете! Ова не значи дека Call To Action не може да се повтори на landing page-от. Особено ако сте решиле да внесете многу текст (поради што е потребно корисникот да скрола многу надолу, а можеби понекогаш и да се врати нагоре) вметнете прв повик за акција на почетокот и втор повик за акција кон крајот. На овој начин, ќе го спречите корисникот да „се изгуби“.

5. Дизајн и употребливост на страницата

За да креирате ефикасна landing page, препорачливо е да изберете едноставен дизајн, кој не го одвлекува вниманието на корисникот, туку кој го насочува кон вашата понуда.

Страницата мора да биде добро конструирана, целата содржина мора да биде уредна и лесна за употреба, и Call To Action да е лесно видлив. Пример за ефективна структура на landing page е оној што често се користи на lead pages: од лево, описот на понудените бесплатни ресурси; десно, формулар за регистрација.

Ова е ефективна структура со тоа што му овозможува на корисникот да ги прочита информациите и да ја остави својата е-маил адреса без вертикално движење. Во принцип, препорачливо е да се задржи едноставна структура и навигација, со чист дизајн.

Конечно, кога го проучувате дизајнот на вашата landing page, не занемарувајте употреба на бои, бидејќи тие влијаат на перцепцијата на корисниците. Некои бои имаат тенденција да предизвикат одбивност, додека други возбудуваат емоции како што се безбедност или комфорт.

Ако користите WordPress, можете исто така да користите одлични додатоци за да ја креирате вашата landing page, како што е Beaver Builder, во комбинација со алатки за градење на контакт форми, како што е Contact Form 7.

6. Слики

Доколку понудите производи или услуги, но исто така и книги и други видови дигитални датотеки и сакате да создадете ефикасна landing page, многу е важно да ги вметнете сите поврзани слики за да го привлечите вниманието во тоа што нудите.

Запомнете, сликите се првиот чекор во привлекувањето на вниманието на клиентите.

7.Линкови до социјалните мрежи

Линковите до социјалните мрежи се неопходни за создавање на ефикасна landing page. Ова ќе има два позитивни ефекти: првиот е дека корисниците ќе ги посетат вашите профили и ќе ви помогнат да привлечете сообраќај. Втората е дека дури и ако вашите посетители не се подготвени да се претплатат на вашата веб-страница или да купат ваш производ во моментов, тие сепак ќе ги добиваат вашите новости на социјалните мрежи, а можеби, во иднина, тие и ќе преземат акција.

8. Гаранции

Навистина, преку вашата landing page, го прашувате вашиот корисник да ви ја даде довербата со купување на производ или регистрирање на неговите податоци на вашата страница. За ова, секогаш погрижете се да ги вклучите гаранциите што ги нудите, дека тие се од типот „Задоволен корисник или поврат на средствата“, или едноставно да не ги откривате податоците во случај на претплатување на newsletters.

9. Мал напор од страна на корисникот

Како што веќе видовме, целта на landing page-от е да го натера корисникот да изврши акција. Очигледно, ние мора да обезбедиме корисникот да може да ја изврши оваа акција со најмал можен напор.

Ако креирате lead page со формулар за претплата на newsletter, вклучете што е можно помалку полиња за пополнување (јас би се ограничила на име и адреса за е-маил). Всушност, многу корисници ја напуштаат регистрацијата дури и кога е присутно полето “Презиме”.

Овие се главните карактеристики на ефикасна landing page кои не смеат да се заборават доколку сакате истата да биде ефикасна.

Ако сакате да научите како да креирате веб сајт каде ќе може да ги имплементирате овие сугестии, имате уште неколку денови за да се пријавите на online курсот за “WordPress: Изгради веб продавница”. Пријави се овде.