Летен курс за Microsoft Power BI

Научи ја една од најупотребуваните алатки за анализа на податоци - Power BI

Почеток: 16-ти јули

Времетраење: 4 предавања

Распоред: Вторник и Четврток (18.30-20.30)

Цена: 3400 денари

Ниво: почетник

Настава: Онлајн (Zoom)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!​​

Или веднаш резервирај го твоето место

Зошто курс за Power BI во SMX?

Во моментов Power BI е една од најупотребуваните алатки за анализа на податоци (Business Intelligence Tools)! Оттука и потребата за оваа алатка во речиси секој бизнис.

Што да очекуваш од овој курс?

На овој курс ќе научиш како самостојно да собираш податоци од различни извори, да ги организираш и презентираш на модерен, интерактивен и визуелно привлечен начин, достапен на повеќе уреди (компјутер, таблет, мобилен телефон).

Менторка на курсот е Драгица Афтова, Business Intelligence Senior Specialist со повеќе годишно работно искуство како aналитичар на финансии и податоци.

Ако сакате аналитика, сакате да извлекувате корисни информации од огромен број на податоци, да ги споделувате со колегите и да им помагате на менаџерите во напредување на бизнисот, тогаш ова е вистинскиот курс за вас.

Искуства на претходни студенти

Соња Мишева

Ми беше задовоство што учествував на курсот за Power BI и сум благодарна на целиот тим на SMX Academy за ажурноста. Исто така, благодарност и до инструкторката за нејзината посветеност и нејзиниот труд за на најлесен и најразбирлив начин да ни го пренесе знаењето.

Симона Петковска

Чест и привилегија ми беше да следам ваков курс. Целата организација и знаењето на инструкторката беше врвно, немам никакви забелешки. Можам да кажам само браво, си го збогатив знаењето и дефинитивно ќе ми биде од корист за идната кариера.

Светлана Размоска

За курсот за Power BI имам само пофалби. Прецизно и јасно беа објаснети повеќето функции од Power BI алатката. Инструкторката Теодора успеа за кратко време да ни прикаже како од неколу табели може да се направат извештаи и проверки, кои лесно се применливи во секојдневното работење во делот на анализа на податоци.

Што ќе научиш

Основните алатки на Power BI

Работа сo Power Query за трансформирање на податоците

Собирање голем број на податоци од различни извори

Обработка и моделирање на податоците

Вршење калкулации со DAX(Data Analysis Expressions)

Презентирање на податоци преку табели и графикони

Изработка на извештаи

Програма

Прво предавање

Вовед во Power BI

  • Преглед на Power BI Desktop
  • ETL со Power BI (извлечи, трансформирај, вчитај)
  • Вчитување на податоци од повеќе различни извори

Второ предавање

Трансформација на податоци

  • Power Query Editor
  • Алатки за трансформација на податоците
  • Додавање/трансформирање на колони

Трето предавање

Моделирање и DAX

  • Основни концепти на моделирање
  • Вовед во DAX
  • Креирање на метрики и колони со DAX

Четврто предавање

Визуелизации и анализа на податоците

  • Креирање на извештаи
  • Нивоа на филтрирање на податоци
  • AI визуелизации

Запознај ја инструкторката

Драгица Афтова

BI Senior Specialist

 
dragica-aftova

Искусен аналитичар на податоци од 2019. Специјализирана за анализа на податоци, визуализација, управување со проекти. Драгица соработува со меѓуфункционални тимови каде дизајнира софистицирани модели на податоци за да извлече увид и да поттикне информирано донесување на одлуки.

Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!

Или веднаш резервирај го твоето место

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток: 16-ти јули

Времетрање: 4 предавања по 120 минути;

Распоред: Вторник и Четврток (18.30-20.30)

Цена: 3400 денари;

За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.