Најбараните Front-End frameworks во 2022/23
- април 11, 2023
- Објавено од: Ѓорги Митев
- Категорија: Full-Stack Програмирање
Што е Framework во светот на програмирањето?
Доколку пребарате на интернет: Што е Framework, ќе најдете бројни објаснувања кои можеби за почетници во IT нема бидат разбирливи…токму поради тоа ние се обидовме преку едноставни зборови да ви го доловиме овој термин.
Framework претставува збир на насоки, стандарди или практики кои обезбедуваат структура и организација на одредена област на активност. Во развојот на софтвер, Framework е стандардизиран пристап за градење апликации што им обезбедува на програмерите однапред напишани кодови и компоненти за поедноставување и забрзување на процесот на развој. Тоа е како да имате план или шаблон што можете да го користите за да креирате нешто без да мора да започнувате од нула секој пат.
Framework обезбедува структура и упатства кои програмерите можат да ги следат за да напишат код кој работи добро и е лесен за одржување.
Која бил најбараниот Front-End Framework во 2022?
Според последните месечни анализи, можеме да заблежиме дека React.js е најбараниот front-end framework во 2022 година.
Според горната статистика процентуално може да видиме дека:
- 54% избираат да користат React.
- 32% избираат да користат Angular.
- 9% избираат да користат Vue.
- 4% избираат да ги користат другите front-end рамки.
Оттука, може да заклучиме дека со 354 илјади, бројот на огласи за работа како React.js девелопер е скоро двојно поголем од останатите Frameworks кои се актуелни во моментов.
Разлика во побарувачката на Frontend Frameworks по земји
Во графиконот подолу, ги поделивме понудите за работа во front-end по земја:
Оваа табела го прикажува бројот на работни позиции за Јуниор, Сениор и Lead developers во секој front-end framework, каде можеме да видиме дека React доминира во едни од највлијателните земји во светот како Америка и Индија.
Зошто да учиш React доколку сакаш работа како програмер?
Во 2022 година најдоминантниот front-end framewrok на пазарот е React со речиси 54% од сите понуди за работни места.
Доколку го научиш React ти ќе можеш да работиш во:
- Web Development
- Mobile Development
- Frontend Development
- Full Stack Development
Можностите за кариерен напредок со помош на React за секого се големи…на тебе останува да го избереш твојот кариерен пат.
Во SMX организираме 3-месечна Академија за програмирање со React.js и JavaScript каде преку детална програма содржана со примери, реални проекти и работа во тим, и подршка од искусен ментор, ти ќе можеш да започнеш кариера како React Developer. Дознај повеќе тука.