Денес, визуелната комуникација презеде многу важна функција: луѓето повеќе не застануваат на улица да читаат знак, освен ако нивното внимание не го привлече нешто. Но, што? Во оваа статија ќе се обидеме да ја откриеме вистинската формула. Помеѓу сите трендови во визуелната комуникација, ние би сакале да ви го прикажеме нашиот личен избор.

Фокусот на корисникот не е секогаш лесно да го задржиме и затоа компаниите се обидуваат да создадат содржина што е ко-експериментална, поточна содржина во која клиентот се наоѓа себеси во интеракција со самата страница или со влијателниот со кој соработува компанијата. Значи, мора да бидете добри во привлекувањето на вниманието; понудете им дизајни кои се поинтригирачки, побизарни и посмели од тоа што мислете дека тие го очекуваат.

Доколку сте во потрага на инспирација и мотивација за нови графики или илустрации, или само сте љубопитни, продолжете да читате и заедно ќе разгледаме кои се оние графики кои ги дефинираме како трендови за оваа година.

Во последните неколку години графичкиот дизајн еволвираше во уметност која е во константа еволуција. Секоја година, графички дизајнери, уметници и дизајн ентузиасти истражуваат, пребаруваат и креираат нови трендови во визуелниот свет.

При нашето истражување пронајдовме голем избор на примери кои, освен тоа што изгледаат одлично, се токму оние кои го доминираат дигиталниот свет.

 

 1. 3D длабочина и реализам

3D трендот го достигна својот врв во 2019 година и сигурно нема да исчезне толку брзо. Благодарение на можностите на модерната технологија, а и на софтверските можности, во 2020 година ќе продолжиме да гледаме поубави композиции за 3D. Покрај тоа, за да бидат покреативни, дизајнерите честопати ќе го комбинираат со други реалности, како што се фотографии и 2-димензионални предмети кои ќе видаме подобро во точка бр. 2.

2. Слики, doodles и street art

Ова е најновиот тренд на графички дизајн за 2020 година: слики каде што фотографиите, особено личните портрети, се мешаат со “doodles” осново “брзи цртежи” и street art.

Doodling е тренд кој долго време живее во светот на илустрацијата. Ако се вратиме во времето тоа почна, ќе забележиме дека тој тренд е присутен уште кога уличните уметнички дела од 70-тите и 80-тите години од уметници како Кит Херинг беа актуелни. Но, сега веќе не му припаѓа само на светот на илустрацијата или уличната уметност, туку и на медиумска комуникација, рекламирањето и графиката.

3.”Темен режим” во UI (кориснички интерфејс)

Друг тренд на 2020 година, всушност веќе неколку месеци, е да се постави можноста корисниците да изберат таканаречен „темен режим“ во секоја ситуација и во секоја апликација.

Темниот режим или dark mode не е ништо друго освен графички режим на некоја апликација или страница што создава поинаква, потемна палета на бои. Од светло палета со видливост на бела до темна со сиви и црни.

 

4. Pattern и Texture

Еден од главните трендови што ги забележевме во последните неколку месеци од 2019 година и што се централни во 2020 година се “Pattern и texture” екстремно екстравагантни, разновидни и влијателни модели.

Моделите и текстурите беа малку надвор од сцената во последните неколку години, но сега гледаме раст на нивната употребата. Новоста е што повеќе не се користат исклучиво на традиционален начин. Комбинирање на неколку модели во еден дизајн или само делови од шема што го покриваат екранот ќе биде стандард во 2020 година.

Илустрациите и текстурите се одлични заедно и можат да создадат незаборавни композиции. Можете да најдете многу идеи за да додадете текстура во вашите илустрации, од зрнести текстури до претходно изработени потези од четки, или можете рачно да ги креирате. Со едноставно пребарување на Интернет ќе најдете многу веќе готови за употреба текстури, претходно изработени четки и алатки што можете да ги користите во вашите илустрации.

 

5. Моќни бои

Моќни бои и градиенти се сè уште многу силен тренд кој продолжува и во 2020 година. Користејќи ги овие бои можете да создадете незаборавен производ, слика или веб страна.

6. Неон ефекти

Тој стил се придвижува многу кон футуристички и хипердинамички правец. Еден од трендовите што го најдовме, всушност, е токму за стил што генерално се поврзува со иднината, но презима ефекти кои ги гледавмо во 80-та година: сајберпанк.

Тоа е жанр на научна фантастика што обично прикажува темни, футуристички и неонски инфузионирани градови, како во филмот Blade Runner. И токму овие стилови и, пред сè, палетите на бои поврзани со нив, се меѓу трендовите на 2020 година. Боите како што се виолетова, електрична сина, портокалова и сите оние посебни бои кои ретко се гледаат во природата.

7. Swiss design, Dadaism, Bauhaus

Најважните движења на XX век во графичкиот дизајн секогаш се инспирација за најдобрите дизајнери. Овие стилови вреди да се споменат затоа што секогаш се актуелни и следењето на правилата наметнати од нив е скоро невозможно да се прават грешки во дизајнот. Општо, овие движења ја истакнуваат типографијата, санс сериф фонтовите (Хелветика беше создадена во фазата Баухаус во 1957 година), геометриски форми, едноставни линии, тонови и бои.

 

Kако што видовме, меѓу многуте трендови на оваа 2020 година, доминираат силни и светли бои, street art и doodles, и голема желба за иновации. За графичките дизајнери е важно секогаш да бидат во чекор со трендовите со цел да привлечат внимание кон себеси или кон брендот или производот.

Доколку сакате да научите како да создавате фотографии, илустрации или било кој друг вид на графичко решение кое ги следи трендовите за оваа година, SourceMX Academy организира 6-неделна академија за графички дизајн во кој ќе учиме сè за дизајнирање. Повеќе информации за академијата овде.