Што е C++?

C++ е еден од најпопуларните и најкористените програмски јазици на денешницата. Создаден е во 1985 година од страна на Бјарн Строуструп како продолжение на програмскиот јазик C. Првично C++ бил фокусиран на нудење на објектно-ориентирани можности со синтакса слична на јазикот C, но со тек на време еволуира за да вклучува поддршка за други програмски парадигми, како што се генеричко или функционално програмирање.

Во денешно време C++ e многу ценет поради неговата забележителна преносливост, што им овозможува на програмерите да создаваат програми кои можат многу лесно да работат и да се префрлаат на различни оперативни системи или платформи. И покрај тоа што е јазик на високо ниво, бидејќи C ++ е сè уште близу до C, тој може да се користи и за манипулација на ниско ниво поради блиската врска со машинските јазици.

Зошто C++ и каде се користи?

Иако е еден од најстарите програмски јазици, C++ сè уште е корисен не само во компјутерското програмирање, туку и во обучувањето на нови програмери за тоа како објектно-ориентираното програмирање функционира. Затоа, C++ има широка примена и може да се користи за изработка на оперативни системи (Microsoft, Mac, Linux), компјутерски игри, графика, вградени системи, компајлери, апликации од сервер, датотеки и слично.

Кај некои од највидливите користени системи на денешницата, нивните критични делови се напишани на C++. Неколку од нив се следните:

– Amadeus (систем за резервација на авионски карти);
– Amazon (е-трговија);
– Facebook (социјална мрежа);

Затоа, SourceMX Academy организира почетнички курс за C++ преку кој ќе се изучуваат и совладуваат основните техники на овој програмски јазик. Курсот е наменет за почетници, односно за секој кој сака да навлезе во светот на програмирањето и да се стекне со солидни познавања на развојната околина на C++.