Q&A Разговор со Теодора Лозановска инструкторка на курсот за HTML/CSS
- јануари 11, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Full-Stack Програмирање
Курсот за HTML/CSS во SMX до сега успешно го организиравме во повеќе од 10 термини, а за тоа најголема заслуга можеме да и препишеме на инструкторката Теодора Лозановска поради што денешниот блог пост решивме да го посветиме на неа и на секој од вас кој има прашања поврзани со овој курс.
1. Најпрвин да ги запознаеме идните учесници на курсот со тебе. Која е Теодора?
Теодора е креативна, амбициозна и комуникативна личност. По професија е дипломиран инженер по информатички науки и комуникациско инженерство. Обожава да пие чај и многу сака да фотографира.
2. Зошто е важно да се знае HTML/CSS во денешно време за секој кој сака да работи како програмер?
HTML (Hyper Text Markup Language) и CSS (Cascading Style Sheets) се основните градежни блокови на веб програмирањето. Без нив неможе да се креира дизајн за сајт.
Зошто? Без нив ќе добиеш само екран со груб и неформатиран текст.
Совладувањето на овие два јазика е основата на веб програмирањето. Добрата вест е дека овие два јазика се едни од најлесните и најзабавните – сѐ што правиш можеш да го видиш и да добиеш брз фидбек за сработеното.
3. Курсот трае 6 дена, што ќе се учи за време на истиот?
На курсот ќе се учи:
– работната околина на HTML и CSS
– основните тагови, параграфи, листи, табели и форми
– основните CSS стилови, селектори и правила
– двата нови стандарди- HTML5 & CSS3
4. За кого е наменет овој курс?
Курсот е наменет за почетници кои сакаат да ги научат основите на HTML/CSS и да навлезат во светот на веб програмирањето. И секако за секој кој сака да започне кариера во IT секторот. Треба само да имате желба и позитивна мисла, а другото лесно се постигнува!
5. Што би им препорачала на заинтересираните и идни учесници на курсот за HTML/CSS?
Без разлика дали имаат или немаат претходно знаење, воопшто да не се двоумат и да почнат што е можно поскоро. Веб програмирањето е одличен избор за кариера и напредок