Работа на реални проекти за реални клиенти – SMX Partners
- октомври 19, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Блог за дигитални вештини
Како да стекнеш практично знаење и искуство кое ти е потребно да започнеш НОВА или ја унапредиш постоечката кариера?
Можеби одговорот токму лежи во НОВИОТ иновативен пристап на SMX – 3-4 месечните Bootcamps кои се комбинација на интензивно учење со практично искуство работејќи за вистински компании.
Зошто Bootcamps?
Од досегашното петгодишно искуство како едукативен центар за кратки онлајн курсеви и онлајн академии, во SMX може да заклучиме дека: добро структурирана програма, посветени ментори и шанса да се работи на вистински проекти се клучот за нашите студенти покрај стекнатите знаењеа и вештини, исто така и кариерно да напредуваат. Оттука Bootcamps во SMX – Eдукативни програми во кои е вклучена 2-3 месечна интензивна теоретска настава И 1 месец работа на реален проект.
Предности на Bootcamps
- 2-3 месеци интензивно теоретско учење: Комплетна програма која ќе ти помогне да ги добиеш потребните информации за само 2-3 месеци.
- Нов продуктивен начин за стекнување знаење
- 1 месец работа на вистински проекти за вистински компании
За време на секој Bootcamp студентите ќе имаат можност да работат на реални проекти за следниве компании со кои започнавме соработка:
Piksel.mk – (Агенција за Дигитален Маркетинг)
Тимот на Пиксел ќе соработува со инструкторите и SMX Academy за да поставува неделни задачи за студентите. По два и пол месеци интензивна теоретска настава, студентите ќе започнат со едномесечен практичен проект доделен од Пиксел.
Smartclick.mk – (Компанија за Web & SEO услуги)
Искусниот тим на SmartClick ќе соработува со SMX Academy за да обезбеди вистински проекти и неделни задачи за студентите на Content Marketing Bootcamp.
Ludotech.co – (Компанија за Product Development)
По завршување на 2 месеци теорија и совладување на најважните и најпрактикувани концепти во HR и IT Recruitment, на сите студенти од Human Resources & IT Recruitment Bootcamp ќе им се достават предлог теми кои треба да ги сработат за фирмата партнер Ludotech.
Eon Eden – (Агенција за Дигитален Маркетинг)
По завршување на теоретскиот дел од Social Media Marketing Bootcamp, студентите активно ќе работат на реален проект во текот на 4 недели, за Дигитал Маркетинг агенцијата Eon Eden.
Моментално активни Bootcamps за кои апликациите се во тек се:
- Human Resources & IT Recruitment Bootcamp
- Content Marketing Bootcamp
- Bootcamp за видеомонтажа со Premiere Pro & After Effects
- Data Mining Bootcamp
- Наскоро: Social Media Marketing Bootcamp