Бесплатен вебинар за Data Mining

Што е Data Mining и какви можности за кариера нуди?

Добиј снимка

Времетраење: 90 минути

Бесплатно

Ниво: Почетник

Онлајн (Zoom)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро и ќе ја испрати снимката од вебинарот.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Што е Data Mining?

Data Mining е процес на собирање податоци од веб страни и мобилни апликации користејќи го Python како програмски јазик.

Анализата на податоците (data analysis) се фокусира на толкување и разбирање на постоечките податоци за непосредна употреба, data mining се занимава со откривање на скриени обрасци, шаблони и информации, што може да се искористат за предвидливо моделирање и идно донесување одлуки. И двата процеса играат клучна улога во добивањето многу подобра слика од податоците, но тие се разликуваат по нивните цели, опсег и методологии.

Како понов концепт, data mining е се уште ретко застапен во компаниите, но освен тоа, многу компании не знаат како може да им користи во секојдневното работење и токму затоа не го имплементираат.

Како може да се користи Data Mining во компании?

Осигурителна компанија

Осигурителните компании може да го користат техниките на data mining за да добиваат корисни информации од внатрешни и надворешни извори на податоци. Од внатрешни извори може да се користи за собирање податоци од побарувањата како и навиките и демографијата на корисниците. Од надворешни извори може да се користи за собирање податоци од пазарот, индустриските трендови и социјалните трендови.

Фитнес центар или Спа цента

Ваквите бизниси може да го користат процесот на data mining за да ги разберат преференците на нивните членови, колку често и колку време ги посетуваат центрите, какви програми за вежбање користат или какви спа третмани добиваат. Преку добивање на тие податоци, бизнисите ќе можат да понудат специјални програми кои се поисплатливи и попрофитабилни. Освен тоа, со data mining може да се открие кој период од денот е најбавен, а кој најфрекфентен, која опрема најмногу, а која најмалку се користи и слично.

E-commerce бизнис

Сегментација на клиенти: Со data mining на податоците за клиентите, како што се историјата на купување, однесувањето на прелистувањето и демографските информации, бизнисот за е-трговија може да ја сегментира својата база на клиенти во различни групи. Оваа сегментација му овозможува на бизнисот да прилагоди маркетинг кампањи, да ги персонализира препораките за производи и да ги приспособува промотивните понуди врз основа на специфичните преференци и потреби на различни сегменти на клиенти.

За што ќе зборуваме вебинарот за Data Mining

Што е Data Mining

Зошто е популарно

Како да се користи

Какви кариерни можности нуди

Запознај го говорникот на вебинарот и инструкторот на академијата за Fullstack Development

Ненад е програмер со долгогодишно искуство. Има огромно познавање од Python и Javascript, најмодерните технологии за Web Development како Django, Flask, React, Cloud платформи како AWS и Google Cloud Platform, SQL i No-SQL бази на податоци. За себе вели дека е амбициозен, авантурист, зависник од адреналин и доживотен ученик.

Ненад Ристов

Data Engineer

Ненад ќе се погрижи да го совладате програмскиот јазик Python од самиот старт, па се до самостојно работење и извршување комплексни задачи. 

Неговата експертиза во Data Engineering му овозможува да биде запознаен со сите трендови во индустријата и можностите што ги нуди оваа гранка од IT.

SMX организира 4 месечен
Data Mining Bootcamp

Научи ги техниките за влечење податоци од внатрешни и надворени извори кои ти помагаат за попрофитабили одлуки

Што ќе научиш во Bootcamp-от

Основи на Python

Манупулација на податоци со Pandas

Web-Scraping

Бази на податоци

Прочитај повеќе за реалниот проект кој ќе се изработува на буткампот за Data Mining и зошто се одлучивме да ја опфатиме темата за пазарот на трудот во Македонија.

Работа на реални проекти

Како со Data Mining до реална слика на пазарот на труд

Со цел Bootcamp-от за Data Mining да биде целосен, тимот на SMX има за цел да споделат нивен реален проект и да поставуваат неделни задачи до учесниците, кои треба да бидаат комплетирани до дадениот рок. Освен кратките задачи, по завршување на активните предавања, ќе започнеме со 1 месец практична работа каде реалниот проект ќе биде зададен од страна на SMX и за да се добие сертификат за успешно комплетирање на bootcam-от, потребно е да се заврши на време.

Проектот за кој се одлучивме е изработка на платформа која добива информации во реално време за пазарот на труд во Македонија. Користејќи ги техниките за собирање податоци со програмскиот јазик Python, ќе можеме да ги добиваме податоците од најголемите веб страни за огласи за работа, при тоа сегментирајќи ги според претходно одредени категории.